Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа
- Детали
- петок, 29 март 2024
Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче на плажа во Дубаи, во видео во кое првпат му се гледа лицето.
Српската пејачка Марија Шерифовиќ на крајот на 2023 доби син од сурогат мајка, кој го крсти Марио.
Таа целосно е посветена на мајчинството и постојано објавува моменти од времето поминато со него, додека се топи на неговата слаткост.
За првпат по неколку месеци, Марија на Инстаграм сподели видео од нивното прво патување, а иако не ја откри дестинацијата, според позадината, веројатно станува збор за Дубаи.
Во видеото, Шерифовиќ е во костим за капење и маица, а во прегратка го држи синчето, на кое му пее и го ниша.
На снимката со големи букви е испишано „МОЈ“, но сепак таа дозволува малку да ѕирнеме во лицето на Марио, кое вообичаено го крие.
Погледнете го емотивното видео на кое во позадина оди песната од Ѓорѓе Балашевиќ, „Sin jedinac“:
https://www.instagram.com/p/C43CFLEvxx1/
Инаку, во родителството на Марија многу ѝ помага нејзината мајка Верица Шерифовиќ, која беше заедно со неа и Марио и на ова патување, според српски Blic.
Прочитајте и Сите детали за патот до мајчинство на Марија Шерифовиќ: Детето се родило во САД, името на таткото не смее да го открие
М. М. | Црнобело