Сакал да стане ортопед, по 2 разводи се ожени за 20 години помлада фризерка – Факти за актерот Драган Маринковиќ - Маца

Ја преживеал и војната

Кога имал 20 години, започнала војната во Босна и не сакал да замине од Сараево и да ја напушти мајка си.

„На почетокот на април ситуацијата со војната почна да врие. Беше пролет, ниту куче немаше по улица.

Замислете празни улици, ништо да не се слуша, само птиците.

Тишина, но онаа морничавата.

Деновите никогаш не ми биле подолги во животот бидејќи не смеевме да излегуваме.

Веќе имаше сериозна војна, но сите мислевме дека ќе помине, па ќе одиме на море во Макарска.

Отидов кај мајка ми, а таа стави јамболии преку телевизорот и прозорецот, да не ни падне граната.

Жената не знаеше што е граната и дека тоа нема да нѐ заштити. Започна пукањето и одеднаш почна да се ниша зградата.

Го погодија спратот над нас, а јас ја гледам мајка ми низ таа прашина како бега. Потоа ја задевав дека го оставила синот да го убијат“, раскажа актерот во емисијата „Преживеани“.

iskluchitelno-e-pedanten-garderobata-ja-redi-po-boja-i-bil-prvenec-na-generacija-fakti-za-akterot-dragan-marinkovikj-maca-13.jpg

20 години помлада сопруга

Пред сегашната сопруга два пати бил во брак.

За себе вели дека е русофил, посебно на подрачјето на книжевноста и токму поради тоа неговите синови се викаат исто како најголемите руски писатели.

Првиот син Лав, го добил во 2003 година со стилистката и шминкерка Амра Реџиќ.

Вториот син Фјодор Симеон го добил со Тијана Голубовиќ од Нови Сад со кој се венчал на 25.07.2010 година, само два месеци пред да им се роди синот.

iskluchitelno-e-pedanten-garderobata-ja-redi-po-boja-i-bil-prvenec-na-generacija-fakti-za-akterot-dragan-marinkovikj-maca-16.jpg

Иако после разводот со Тијана рекол дека никогаш повторно нема да се ожени, денес плови во брачните води со 20 години помладата фризерка Јована.

Се венчале на 14 јануари во 2017 година во храмот Свети Василије Острошки.

Имаат голем желба да имаат деца, а пред неколку години кога Јована била бремена со тројка, ги изгубила бебињата.

iskluchitelno-e-pedanten-garderobata-ja-redi-po-boja-i-bil-prvenec-na-generacija-fakti-za-akterot-dragan-marinkovikj-maca-05.jpg

Исклучително многу е педантен

Сака работите да му бидат уредни и организирани, гардеробата ја средува по боја, сака уреден и чист простор за живеење. 

Јована одлично се вклопила во овој негов начин на живот.

iskluchitelno-e-pedanten-garderobata-ja-redi-po-boja-i-bil-prvenec-na-generacija-fakti-za-akterot-dragan-marinkovikj-maca-06.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: Инстаграм



Би можело да ве интересира:

Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Не сакал ќерка му да биде пејачка, ја уапси Цеца - Кој е таткото на Јелена Карлеуша? „Да се прашуваше татко ми, јас никогаш не би била пејачка. Тој никогаш не ме раз...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Љубовната приказна на Жељко и Јована Јоксимовиќ - Знаел дека е вистинската кога видел свое ЦД во неј... „Кога се запознавме, ме возеше со автомобилот и се сеќавам од љубопитност ја отв...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...

Најчитани неделава