Заради високиот шеќер почна да го губи видот, па ослабе 80 килограми – Се сеќавате ли на Бојана Стаменов?

„Во јули 2020 година имав голем здравствен проблем. Шеќерот ми беше 27,7 и забележав дека не гледам“ - пејачката Бојана Стаменов открива како решила да се трансформира во оној момент кога почувствувала дека дотогашниот животен стил ѝ носи само проблеми.

zaradi-visokiot-shekjer-pochna-da-go-gubi-vidot-pa-oslabe-80-kilogrami-se-sekjavate-li-na-bojana-stamenov-01.jpg

Бојана Стаменов, која уште ја нарекуваат и „српска Адел“ изминатиот период ослабна речиси 90 килограми па каде и да се појави главна тема е нејзиниот изглед. Таа се прослави со учеството во шоуто „Јас имам талент“, а сега освен со талентот за пеење, привлекува внимание и заради наглата промена на физичкиот изглед.

Пејачката на својот Инстаграм профил, денес постојано добива низа комплименти за нејзиниот изглед и за истрајноста.

Во еден момент имала како што сама изјави 185 килограми и тоа поради нередовните и нездрави оброци.

„Во јули 2020 година имав голем здравствен проблем. Шеќерот ми беше 27,7 и забележав дека не гледам.

Дотогаш никогаш немав проблеми со видот, бев здрава дебела жена.

Во 2007 година го извадив жолчното кесе, а потоа ми рекоа дека морам да внимавам што јадам, бидејќи сум потенцијален дијабетичар.

Ако сега го премотам филмот, не јадев редовно, поради настапи и концерти.

Поголемиот дел од денот често го поминував во автомобил, на нозе, на проби, а потоа кога седнав да јадам, тоа беа обилни порции.

Нередовните оброци и видот на храната што ја јадев беа најголемите проблеми, изјави своевремено за медиумите од регионот.

Се откажала од првичната идеја за намалување на желудникот бидејќи со план за исхрана кој го добила по еден преглед за неколку месеци успеала да ослабне дури 30 килограми.

Нејзината трансформација е доказ дека доколку нешто силно се посакува може да се постигне.

Погледнете како изгледа Бојана Стаменов откако успеа да симне се вкупно околу 90 килограми:

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Островот Крит како сцена од апокалиптичен филм: Портокалово небо и прашина поради песочна бура од Са... Поради песочна бура од Сахара, вчера островот Крит беше покриен со прашина, а по...
„Една година сум постар од татко ѝ, а 3 од мајка ѝ“: Српски актер за љубовта со 23 години помладата ... „Се испостави дека поголем проблем е што тој не јаде свинско месо и што е муслим...
„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана м... „Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Са...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...

Најчитани неделава