Анастасија Ражнатовиќ објави ретко видео со татко ѝ Аркан и бремената Цеца на својот 26-ти роденден

Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, роденденот си го честиташе со видео кое ја прикажува неа низ годините, од бебе до денес, а меѓу снимките е и една со нејзиниот починат татко, Жељко Ражнатовиќ - Аркан. 

anastasija-razhnatovikj-napolni-26-godini-objavi-retko-video-so-tatko-i-arkan-i-bremenata-ceca-za-rodendenot-01.jpg

Анастасија Ражнатовиќ полни 26 години. Роденденот го прославува во Севиља, Шпанија, каде што живее со сопругот, фудбалерот Немања Гудељ.

Сепак, за да го одбележи роденденот, таа избра да сподели видео на Инстаграм на кое се споени интересни снимки од нејзиното детство до денес.

anastasija-razhnatovikj-napolni-26-godini-objavi-retko-video-so-tatko-i-arkan-i-bremenata-ceca-za-rodendenot-02.jpg

Анастасија избра видеа во кои Цеца е бремена и кажува дека ако има девојче, тоа ќе се вика Анастасија, а потоа и од гостувањето на Цеца кај Минимакс, каде што Анастасија има само неколку месеци и првпат е на телевизија.  

anastasija-razhnatovikj-napolni-26-godini-objavi-retko-video-so-tatko-i-arkan-i-bremenata-ceca-za-rodendenot-021.jpg

Но, тука се и моменти од нејзината крштевка и ретка снимка каде што таа е во прегратките на татко ѝ Аркан, кој ја гушка и бакнува додека е бебе.

Славеничката сподели и неколку нејзини детски настапи, од тинејџерските години, од летувања, но и неколку од видеа направени последниве месеци, па може да се види како од бебе израснала во 26-годишна девојка.

„Среќен ми роденден. 26“, напиша ќерката на Цеца на Инстаграм и доби бројни честитки и убави роденденски желби.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години „Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
Цеца за животот како млада девојка: „Кај маж ми бев принцеза, кај мајка ми морав да готвам и да чист... „На мајка ми ѝ велев, Боже кога ќе се омажам, има слуги да ме служат, само да не...

Најчитани неделава