Се венчаа Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ, во домот на Цеца и во присуство на најблиските

Првите фотки од тајната венчавка на Анастасија и Немања ги објави Вељко. Цеца е пресреќна што ќерка ѝ конечно застана пред матичар.

se-venchaa-anastasija-razhnatovikj-i-nemanja-gudelj-vo-domot-na-ceca-i-vo-prisustvo-na-najbliskite-01.jpg

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, минатата година стапи во црковен брак со нејзиниот сопруг Немања Гудељ во Севиља во Шпанија, а денес (28.05) тие двајца стапиле и во граѓански брак пред матичар.

Како што соопштуваат српските медиуми, свадбата на Анстасија и Немања се одржала во најголема тајност во семејниот дом на пејачката, а присуствувале само најблиските членови на семејството.

Првите фотографии ги објави братот на Анастасија, Вељко, и на нив се гледа дека младата пејачка за оваа пригода се одлучила за едноставен бел сатенски фустан, додека младоженецот избрал бела маичка и црни панталони.

se-venchaa-anastasija-razhnatovikj-i-nemanja-gudelj-vo-domot-na-ceca-i-vo-prisustvo-na-najbliskite-02.jpg

Познато е дека на церемонијата присуствувале и членовите на семејството на Немања, а кум од страната на Анастасија бил нејзиниот најдобар пријател Љубомир Тозев, додека од страната на Немања бил неговиот пријател Горан Телебак.

„Сите сме пресреќни и многу се радувавме на овој ден!

Сакам сите да се сакаат и да се почитуваат, а сѐ што ќе им донесе животот да го поминуваат со љубов“ – изјави Цеца за blic.rs.

se-venchaa-anastasija-razhnatovikj-i-nemanja-gudelj-vo-domot-na-ceca-i-vo-prisustvo-na-najbliskite-03.jpg

За потсетување, Анастасија и Немања минатата година на 14-ти јули направија тајна црковна венчавка во Севиља, а стапувањето во граѓански брак го одложија за подоцна.

se-venchaa-anastasija-razhnatovikj-i-nemanja-gudelj-vo-domot-na-ceca-i-vo-prisustvo-na-najbliskite-04.jpg

Инаку, ова е втора веселба во домот на Цеца во период од околу две недели.

Тие на 15-ти мај го прославија раѓањето на третиот син на Вељко, Исаија.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години „Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...
Цеца за животот како млада девојка: „Кај маж ми бев принцеза, кај мајка ми морав да готвам и да чист... „На мајка ми ѝ велев, Боже кога ќе се омажам, има слуги да ме служат, само да не...
Цеца (52) без грам шминка се снима додека пее со македонски пејач - Oткри најслаба била со 54kg, а с... На видеото со Иван Милевски пејачката изгледа свежо и негувано дури и без шминка...
Цеца открива детали за децата: „Анастасија би направила скандал во кафеана, а Вељко би ги потрошил с... Во забавно видео, додека грицки фстаци во приватен авион, Цеца открива детали за...

Најчитани неделава