Србин е хит на Инстаграм со смешните видеа инспирирани од животот на Балканците

Дали трчате кон прозорот за да видите што се случува кога ќе помине возило на брза помош или полиција? Тогаш сигурно ќе се пронајдете во видеата на Жељко од Србија.

srbin-e-hit-na-instagram-so-smeshnite-videa-inspirirani-od-zhivotot-na-balkancite-01.jpg

Ако имате навика да „скролате“ на Инстаграм и сакате кратки видеа со хумористична содржина, тогаш можеби сте налетале на профилот на Жељко Маленовиќ.

Жељко, кој е роден во Србија, објавува забавни видеа преку кои прикажува детали од секојдневието на Балканците кои и нам Македонците ни се многу добро познати.

Младиот Србин црпи инспирација од неговиот живот во балканска земја, а доста често во неговите видеа се појавува и баба му.

Покрај него, во некои видеа ја гледаме и сестра му Невена која постепено тргнува по неговите стапки и објавува свои видеа на ТикТок.

На Инстаграм 23-годишниот Жељко го следат скоро 200 илјади корисници, додека на ТикТок има над половина милион следбеници и дури 47 милиони лајкови на видеата.

И покрај огромната популарност, неодамна Жељко за српските медиуми откри дека заработка речиси и да нема.

„Ги објавувам моите видеа на Јутјуб, Фејсбук, ТикТок и Инстаграм. Што се однесува до заработката, од ТикТок не може да се живее.

Паѓа по некоја пара од прегледи, спонзорства. Секако, имам поддршка од родителите“.

Изјави и дека некогаш му пречи што многу луѓе го препознаваат.

„Мене ми се допаѓа ’славата‘ што ја имам, но некогаш децата се неподносливи. Не ми е проблем што ми приоѓаат, туку тоа што се невоспитани.

Еднаш ми го опколија автомобилот и не можев да се помрднам. Ме навредуваа“.

Тој се соочувал со критики за баба му.

„Многумина мислат дека ние ја тераме баба да снима со нас. Пишуваат негативни коментари за тоа како снимаме.

Фала Богу не читам многу коментари. А, не ги ни бришам негативните – нека видат другите какви луѓе има“.

Дел од најзабавните видеа на младиот Србин:

„Балкански татко влегува со гостин во твојата соба за да му покаже нешто, додека ти спиеш“

„Кога девојка ти ќе рече ’Кажи ми, нема да се налутам‘ и откако ќе ѝ кажеш“

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

По 2 пропаднати брака се ожени со 11 години помлада, чекаат трето дете – Која е атрактивната сопруга... „Некои велат дека сум со него заради пари, но кога го запознав тој беше на дното...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Најемотивните објави на Марија Шерифовиќ за синот: „Ти благодарам што дојде да ме научиш повторно да... „Ти благодарам, сине. Ти благодарам што ме учиш на животот. Растеме заедно. И се...
Љубовната приказна на Жељко и Јована Јоксимовиќ - Знаел дека е вистинската кога видел свое ЦД во неј... „Кога се запознавме, ме возеше со автомобилот и се сеќавам од љубопитност ја отв...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...

Најчитани неделава