Први фотки од тајната свадба на Анастасија Ражнатовиќ и Немања – тој во Louis Vuitton панталони, таа во беж фустан

Цеца во прекрасен цветен фустан им посака вечна среќа на младите, а објавено е и видео на кое се гледа дека го фаќа бидермаерот – семејството Ражнатовиќ објави официјални фотки од свадбата на Анастасија и Немања.

prvi-fotki-od-tajnata-svadba-na-anastasija-razhnatovikj-i-nemanja-toj-vo-louis-vuitton-pantaloni-taa-vo-bezh-fustan-01.jpg

Пред неколку дена, Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ на тајна церемонија стапија во граѓански брак во вилата на Цеца.

Прва фотка од свадбата тогаш објави братот на невестата, Вељко, а денес и Анастасија и нејзината мајка објави официјални фотографии.

Прекрасната невеста избрала фустан со врзување околу врат во нежна, беж боја, а младоженецот носи црни Louis Vuitton панталони, со интересен детаљ, за кој многумина мислеа дека е етикета.  

prvi-fotki-od-tajnata-svadba-na-anastasija-razhnatovikj-i-nemanja-toj-vo-louis-vuitton-pantaloni-taa-vo-bezh-fustan-02.jpg

Двајцата блескаат од среќа, а на фотографијата која Анастасија ја објави, напиша: „Тукушто венчани“.

Цеца, облечена во прекрасен мини, цветен фустан, објави фотографија со ќерката и зетот и напиша: „Засекогаш да ми бидете среќни“.

Вељко пак, објави фотографија на која младенците позираат со неговиот син Жељко, но и со целото свое семејство.

prvi-fotki-od-tajnata-svadba-na-anastasija-razhnatovikj-i-nemanja-toj-vo-louis-vuitton-pantaloni-taa-vo-bezh-fustan-03.jpg

Инаку, на профилот на Анастасија, беше објавено и видео на кое се гледа дека Цеца го фаќа бидермаерот, но се откажува од него и го предава на бабата на Богдана, сопругата на Вељко. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години „Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...
Цеца за животот како млада девојка: „Кај маж ми бев принцеза, кај мајка ми морав да готвам и да чист... „На мајка ми ѝ велев, Боже кога ќе се омажам, има слуги да ме служат, само да не...
Анастасија Ражнатовиќ (28) со видео качена на грб кај Гудељ прослави 3 години брак, доби син - Која ... „Таа ми е најдобра другарка. Таа ќе ми биде и кума на свадбата. За неа ништо не ...
Цеца открива детали за децата: „Анастасија би направила скандал во кафеана, а Вељко би ги потрошил с... Во забавно видео, додека грицки фстаци во приватен авион, Цеца открива детали за...

Најчитани неделава