Јелена ќе ја добие вилата со гардеробер од 250m2, а Душко становите – Детали за разводот на Карлеуша и Тошиќ

Во луксузната вила сега живеат само куќните помошнички и кучињата на Јелена Карлеуша. Таа го чека разводот за целосно да се пресели таму. Ова се дел од информациите што се пренесуваат во српските медиуми, кои тврдат дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ конечно се спогодиле.

jelena-kje-ja-dobie-vilata-so-garderober-od-250m2-a-dushko-stanot-detali-za-razvodot-na-karleusha-i-toshikj-01.jpg

Неодамна Јелена Карлеуша изјави дека во тек е процедурата за спогодбен развод со Душко Тошиќ, а српските медиуми пишуваат дека парот конечно се договорил околу поделбата на имотот, што впрочем им беше и најголем проблем.

Јелена и Душко се најдоа среде низа скандали во изминатиот период, од неговите обиди за додворување на Северина и објавената преписка, до обвинението за семејно насилство што Јелена го поднесе против него, откако тој наводно ја претепал во семејниот дом.

jelena-kje-ja-dobie-vilata-so-garderober-od-250m2-a-dushko-stanot-detali-za-razvodot-na-karleusha-i-toshikj-02.jpg

Сега, додека Јелена ужива на плажа и објавува фотки од Грција на кои позира топлес, српските медиуми пишуваат дека дошле до информации како поранешните сопружници ќе го поделат имотот.

Јелена и Душко поседуваат повеќе луксузни имоти, а пејачката ќе ја добие вилата на Дедиње, што нејзиниот поранешен сопруг ја купил од поранешниот фудбалер Драган Стојковиќ Пикси и која вреди 2.500.000 евра.

Душко ќе го добие дуплексот каде живееја претходно, пред да се преселат во вилата, но и уште еден стан на Дедиње што го купиле заедно. На Душко ќе му остане и куќата во Орловат каде што живее неговата мајка.

jelena-kje-ja-dobie-vilata-so-garderober-od-250m2-a-dushko-stanot-detali-za-razvodot-na-karleusha-i-toshikj-05.jpg

Јелена во моментов живее во вилата заедно со двете ќерки, но според kurir.rs таа не е целосно преселена.

„Јелена сè уште не е целосно преселена во вилата на Дедиње. Таму живеат куќните помошнички со кучињата за коишто се грижат, а Јелена сè уште е во станот.

Душко заради работните обврски е на релација Турција – Германија – Србија, а кога е дома, тогаш престојува во својот стан на Дедиње.

Тие двајца по неколку неуспешни преговори успеаја да најдат заеднички јазик и да ја завршат неопходната документација, што наскоро ќе ја потпишат“ – пишува весникот повикувајќи се на сопствени извори.

jelena-kje-ja-dobie-vilata-so-garderober-od-250m2-a-dushko-stanot-detali-za-razvodot-na-karleusha-i-toshikj-03.jpg

По потпишувањето на документите за развод, Јелена целосно ќе се пресели во вилата, а Душко треба да плаќа соодветна алиментација за децата.

Инаку, непосредно пред да објават дека се разведуваат, Јелена за јавноста сподели повеќе детали за реновирањето на луксузната вила, каде што ќе треба да остане да живее.

Како што рече, додека ја уредувала куќата, воопшто не ѝ била важна модата, туку тие што живеат во неа да бидат среќни, да чувствуваат мир, спокојство и убава енергија.

Во огромната вила, секој од членовите на семејството има свој кат.

Јелена тврди дека дури неодамна избројала дека домот има 10 свечени тоалети, за кои не била свесна затоа што во најголем дел од нив и не влегува.

Тогаш нагласи дека нејзината оаза е специјално проектиран гардеробер од 250 квадрати, кој има сауна, тоалет, дел за одмoр, перална, соба за вработени...

jelena-kje-ja-dobie-vilata-so-garderober-od-250m2-a-dushko-stanot-detali-za-razvodot-na-karleusha-i-toshikj-04.jpg

Прочитајте и „Имам гардеробер од 250m² и вработена што мора да ја знае цела колекција“ – Јелена Карлеуша го покажа домот во кој се вселија со Душко пред да се разведат

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
Душко Тошиќ си позира со помалата ќерка во Турција, откако се огласи против Карлеуша: „Има ли крај?“ „По толку години... За што и да се зборува, Јеца постојано зборува за Душко. Има...
Душко Тошиќ и новата девојка се запознале пред 5 години, додека била во брак + Што мисли таа за Карл... Се запознале додека таа сè уште била во брак, но во врска се само пет месеци и о...
Јелена Карлеуша (46) се огласи по потсмевот кон неа од бившиот Душко Тошиќ (40): „Не е секој за семе... „Неговата објава ми ја покажаа ќерките. Тоа покажува колку беше грдо и непромисл...
Душко Тошиќ го прослави 41-иот роденден во родното село - ја гушка мајка му, ќерките Атина и Ника со... Душко Тошиќ и покрај успехот и раскошот во кој ужива, никогаш не заборава од кад...

Најчитани неделава