Од мета на потсмев заради облеката, до домаќинка на модно шоу на Vogue – Јелена Ѓоковиќ во друштво на Ана Винтур во Париз

Пред две години постојано беше мета на потсмев, па стана и хит меме на Твитер заради лошиот избор на облека, а сега блесна во улога на домаќинка на модното шоу на Vogue во Париз. Како Јелена Ѓоковиќ барем на една вечер успеа да го засени славниот сопруг?

od-meta-na-potsmev-zaradi-oblekata-do-domakjinka-na-modno-shou-na-vogue-jelena-gjokovikj-vo-drushtvo-na-ana-vintur-vo-pariz-01.jpg

Во минатото, Јелена Ѓоковиќ често беше мета на потсмев заради несредениот изглед и погрешниот избор на облека, како на турнирите на нејзиниот сопруг Новак, така и на важните настани каде што требаше да присуствува.

od-meta-na-potsmev-zaradi-oblekata-do-domakjinka-na-modno-shou-na-vogue-jelena-gjokovikj-vo-drushtvo-na-ana-vintur-vo-pariz-03.jpg

Но, во последните две години Јелена, покажа и докажа дека нештата можат да се придвижат во сосема поинаква насока, ако до себе го имате вистинскиот тим на професионалци кои знаат да ве упатат кога станува збор за модниот избор.

Така, забележително беше уште минатата 2023-та година дека Јелена почнува да го менува стилот, а во последната една година, наместо мета за потсмев, таа стана пример за едноставност и луксуз.

od-meta-na-potsmev-zaradi-oblekata-do-domakjinka-na-modno-shou-na-vogue-jelena-gjokovikj-vo-drushtvo-na-ana-vintur-vo-pariz-04.jpg

Во текот на минатата вечер (24.07) Јелена, заедно со сопругот Новак, беше домаќинка на забавата на Vogue Adria Soireѐ која се одржа во престижниот хотел Ritz во Париз, а за оваа пригода таа избра бел фустан со копчиња во предниот дел, во кој зрачеше со елеганција.

od-meta-na-potsmev-zaradi-oblekata-do-domakjinka-na-modno-shou-na-vogue-jelena-gjokovikj-vo-drushtvo-na-ana-vintur-vo-pariz-06.jpg

Фустанот е со потписот на модната куќа Alexander McQueen, кој се продава по цена од 1.890 евра, а изгледот го надополни со кафеава чанта и сандали.

Видео снимката на која Јелена излегува сама од автомобилот привлече големо внимание и се чини дека ова е првпат убавата Србинка да го стави во сенка својот славен сопруг.

Јелена и Ноле беа домаќини на вечерта и одржаа говор пред присутните.

На настанот, Србинката која до пред две години често беше мета на критики заради непромислените аутфити и понекогаш смешниот моден избор, сега имаше можност да се дружи со најголемите модни авторитети, па на социјалните мрежи кружи фотката на која се гледа како Јелена нешто објаснува, а главната уредничка на Vogue, Ана Винтур, внимателно ја слуша.

od-meta-na-potsmev-zaradi-oblekata-do-domakjinka-na-modno-shou-na-vogue-jelena-gjokovikj-vo-drushtvo-na-ana-vintur-vo-pariz-05_copy.jpg

На настанот беше присутна уште една мошне позната Србинка.

Модната инфлуенсерка Тамара Калиниќ дојде заедно со нејзиниот свршеник Филипо Теста.

Тие двајца беа модно усогласени во црни изданија.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Софија Мило за првиот син на сопругот Лука Јовиќ: „Јас сум му маќеа – не му се дерам, тоа не е моја ... „Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...

Најчитани неделава