Избегнат судир на бродови на Лефкада - Деца врескаат од страв, патниците потресени (видео)

Деца кои врескаат од страв, загрижени патници – Ова е сликата што може да се види на видеото од туристичкото бротче Nidri Star 1, од моментот кога во секунда избегнале судир во водите на Јонското Море.

za-vlakno-izbegnat-sudir-megju-dva-broda-na-lefkada-kapetanot-beshe-sebichen-ne-razmisluvashe-deka-ima-stotici-patnici-01_copy.jpg

За влакно беше избегната голема трагедија во Јонското Море, во Грција, кога крузер и туристички брод дојдоа премногу блиску еден до друг и за малку ќе се судреа.

На социјалните мрежи се објавени видеа од патниците на двата брода, кои буквално преживеале големи трауми во тој миг.

Еден патник од туристичкото бротче појасни што се случувало за грчките медиуми:

„Иако ние имавме предност, капетанот на крузерот не сакаше да го промени правецот на движење, а нашиот капетан, наместо да го промени правецот или да ја намали брзината, продолжи да се движи напред како ништо да не се случува.

Пренесуваше стотици луѓе во бротчето, а се однесуваше премногу себично. Само за неколку секунди успеавме да избегнеме трагедија“.

Во грчките медиуми се објавени видео снимки од туристите кои биле присутни во туристичкото бротче, а во заднина може да се слушнат децата кои врескаат и возрасните кои уплашено се подготвуваат за најлошото, а потоа и ракоплескање и поздрави, кога успеале да ја избегнат трагедијата.

Инаку, туристичкото бротче Nidri Star 1 нуди дневни тури низ островите Лефкада, Кефалонија и Итака.

Во моментот кога за малку ќе се случела трагедијата, во туристичкиот брод имало околу 480 патници.

za-vlakno-izbegnat-sudir-megju-dva-broda-na-lefkada-kapetanot-beshe-sebichen-ne-razmisluvashe-deka-ima-stotici-patnici-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Марија Шерифовиќ завршил во болница на летување: „Зеде залет и скокна, моравме на рендген“ „Во Рисан завршивме на ортопедија, во болница, бидејќи скокаше. Имаше залет и ск...
„Данило ме изневери, се иселив од дома пред несреќата“ - Наташа Беквалац по 14 години искрено за раз... „Мојот брак со Данило заврши пред неговата несреќа. Во моментот кога му се случи...
Мапа покажува каде се појавувала отровната „риба-зајак“ во Грција (и каде би можела да се појави лет... Отровната риба-зајак почнала да се појавува во водите на Грција околу 2003 годин...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Марија Микиќ по гласините дека е со бившиот на море: „Не сме заедно, му праќам фотки од децата – тоа... „Како измисливте дека сме заедно на море? Јас на својот поранешен сопруг редовно...
По 2 пропаднати брака се ожени со 11 години помлада, чекаат трето дете – Која е атрактивната сопруга... „Некои велат дека сум со него заради пари, но кога го запознав тој беше на дното...

Најчитани неделава