Работел на паркинг, сините очи ги наследил од мајка му – Кој е Бурак Челик, турскиот актер што мами воздишки со убавината?

Како дете имал цел да стане светски модел, а денес има цел да стане светски актер. Со сините очи и русата коса освојува жени ширум светот.

menadzerot-go-zapoznal-dodeka-rabotel-na-parking-koj-e-burak-celik-turskiot-akter-koj-mami-vozdiski-so-ubavinata-01.jpg

Синоокиот актер Бурак Челик со својата убавина мами воздишки кај припадничките на понежниот пол.

Роден е на 21 јули 1992 година во Истанбул, а продорно сините очи и русата коса ги наследил од својата мајка.

Во Турција најголема популарност стекнал со улогата во серијата „Црна роза“.

Многумина за него велат дека е спротивност од типичен турски маж, кој има црна коса и темни очи, бидејќи Бурак има руса коса и сини очи, а висок е 190 сантиметри.

menadzerot-go-zapoznal-dodeka-rabotel-na-parking-koj-e-burak-celik-turskiot-akter-koj-mami-vozdiski-so-ubavinata-07.jpg

Во продолжение уште неколку интересни факти за него:

Својот менаџер го запознал додека работел на паркинг

Мајка му е домаќинка, а неговиот татко работел како надзорник на паркинг во Истанбул.

По завршувањето на средното училиште почнал да работи со својот татко на паркингот.

Таму го запознал својот сегашен менаџер, кој го советувал да се пријави на натпреварот за најдобар турски модел.

Бурак го послушал и целосно се посветил на подобрување на физичкиот изглед.

Почнал да вежба во теретана, пет дена во неделата.

Од исхраната исфрлил шеќер, сол и брашно и почнал да пие многу вода.

menadzerot-go-zapoznal-dodeka-rabotel-na-parking-koj-e-burak-celik-turskiot-akter-koj-mami-vozdiski-so-ubavinata-09.jpg

Прогласен е за најдобар турски и светски модел

Бурак бил прогласен за најдобар турски модел, а победил и на натпреварот за најдобар модел на светот во Софија, каде за престижната титула се борел со 56 модели. 

Токму овие успеси му ги отвориле патиштата кон актерството.

menadzerot-go-zapoznal-dodeka-rabotel-na-parking-koj-e-burak-celik-turskiot-akter-koj-mami-vozdiski-so-ubavinata-11.jpg

Како мал имал цел да стане најдобар светски модел, а денес негова цел е да стане светски актер.

И денес многу внимава на својот физички изглед, но за глумата не е пресудно само да се биде згоден, иако смета дека тоа многу му помага.

menadzerot-go-zapoznal-dodeka-rabotel-na-parking-koj-e-burak-celik-turskiot-akter-koj-mami-vozdiski-so-ubavinata-14.jpg

32-годишниот убавец мудро молчи за сѐ во врска со љубовниот живот

Бил во врска со актерката Селен Сојдер, но раскинале во 2013 година. 

Во 2016 година се шпекулираше дека бил во врска со актерката Озге Гурел, но тие гласини никогаш не беа потврдени. 

Веќе извесно време во јавност се шири информацијата дека наводно Бурак е вљубен во својата колешка Чемре Бајсел.

Тие имале неколку заеднички фотосесии за разни списанија, на кои се забележувала хемија меѓу нив.

menadzerot-go-zapoznal-dodeka-rabotel-na-parking-koj-e-burak-celik-turskiot-akter-koj-mami-vozdiski-so-ubavinata-16_copy.jpg

На неговиот шарм паднала и 19 години постарата пејачка Ханде Јенер, која е една од најпопуларните жени на турската музичка сцена.

Челик се појави на насловната фотографија од нејзиниот албум „Queen”, на кој Ханде лежи покрај него на кауч.

Глумел и во нејзин музички спот.

Повеќе негови фотографии погледнете на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Факти за актерот Енгин Акјурек: Важи за најпосакуван турски ерген, „обвинет“ е за разводот на Демет ... Важи за најубавиот маж во светот, но самиот тврди дека не е опседнат со сопствен...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Стефан Ѓуриќ Раста се кае за грешките од минатото: „Ќерка ми има трауми од периодот додека бев во за... „Многу ми значи односот со Тара, затоа што ние двајца заедно растеме и поминувам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg