Јелена Ѓоковиќ најпровокативна досега, Шерифовиќ со девојката со која наводно е во врска – Светски гламур на отворањето на „Сава центар“

Јелена Ѓоковиќ носеше накит од 8.000 евра, Лепа Брена дојде со синот - српскиот џет-сет синоќа прошета на црвениот тепих на свеченото отворање на реновираниот „Сава центар“ во Белград.

jelena-gjokovikj-najprovokativna-dosega-sherifovikj-so-devojkata-so-koja-navodno-e-vo-vrska-svetski-glamur-na-otvoranjeto-na-sava-centar-01.jpg

Вчеравечер (03.09) во Белград со црвен тепих и концерт за паметење, свечено беше отворен реновираниот „Сава центар“.

На настанот на годината, како што го нарекоа и јавноста и медиумите, дојде целиот српски џет-сет, но и по некој гостин од регионот.

На гламурозниот црвен тепих продефилираа дами во свечени тоалети и впечатливи креации, но и мажи облечени со стил - дел во смокинзи, други во кежуал интересни комбинации.

На отворањето дојдоа многу познати личности, меѓу кои и Лепа Брена, Јелена Ѓоковиќ, Драгана Мирковиќ, Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ, Данијела Димитровска, Дејан Миличевиќ, Сара Јо, Милан Мариќ, Драган Бјелогрлиќ, Александра Радовиќ, Раде Шербеџија, Харис Џиновиќ, Марија Шерифовиќ, Ана Бекута, Теја Дора, Сале Тропико, Жика Јакшиќ...

svetski-glamur-vo-belgrad-cel-srpski-djet-set-na-otvoranjeto-na-sava-centar-foto-video-06.jpg

Посебно внимание привлече Јелена Ѓоковиќ, која беше во најпровокативно издание досега - носеше мини здолниште и накит од брендот Van Cleef, што чини околу 8.000 евра.

Марија Шерифовиќ, пак, дојде со пејачката Јована Пајиќ, за која се шпекулира дека ѝ е девојка.

svetski-glamur-vo-belgrad-cel-srpski-djet-set-na-otvoranjeto-na-sava-centar-foto-video-03.jpg

Меѓу гостите на отворањето на „Сава центар“ во Белград беа и нашите Нина Ред и фризерот Октај Сејди.

svetski-glamur-vo-belgrad-cel-srpski-djet-set-na-otvoranjeto-na-sava-centar-foto-video-07.jpg

За забавата да биде врвна, исто како и црвениот тепих, се погрижи безвременскиот Здравко Чолиќ, кој одржа концерт за кој долго ќе се зборува.

Погледнете ги видеата и фотографиите од отворањето на „Сава центар“ на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
Јелена Карлеуша (46) се огласи по потсмевот кон неа од бившиот Душко Тошиќ (40): „Не е секој за семе... „Неговата објава ми ја покажаа ќерките. Тоа покажува колку беше грдо и непромисл...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловил... Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а с...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава