Првата сопруга му се самоубила, се женел трипати – Факти за животот на Бора Чорба

Таа му била голема инспирација и ѝ посветил многу хитови, меѓу кои и легендарната „Avionu, slomiću ti krila“, која ја напишал во моментот кога ја испратил на аеродром, откако таа му била во посета на турнеја

Биле во брак повеќе од 30 години, до февруари 2007, кога спогодбено се развеле, но наводно таа не можела да го преболи тоа и неговата нова љубов, па се предозирала со антидепресиви

prvata-sopruga-mu-se-samoubila-se-zhenel-tripati-fakti-za-zhivotot-na-bora-chorba-01_copy.jpg

Сепак Бора никогаш јавно не го признал тоа и има изјавено дека не се самоубила, туку само дека претерала, а нејзината смрт е прогласена за природна, иако сите биле свесни за нејзините проблеми со алкохолот и антидепресивите

Во 2009 тој се ожени со 2 децении помладата Александра, која ја запознал на турнеја во САД, но по 4 години и овој брак завршил

Љубовниот живот на Бора бил бурен, па тој стигнал и до трет брак, со сопругата Дубравка која е 28 години помлада од него, а до неговата смрт, заедно живееја во Словенија

Тој умешно го криеше приватниот живот и не го експонираше јавно семејството, но во една пригода ја има донесено Дубравка во гостување во музичко шоу 

prvata-sopruga-mu-se-samoubila-se-zhenel-tripati-fakti-za-zhivotot-na-bora-chorba-02_copy_copy.jpg

Нивната љубов била голема, ја има спомнато во песна, а има изјавено дека токму заради неа ги има оставено цигарите, но дека животот без пороци не е поубав

„Нема пороци, пијам вода, цигари не пушам. Но, не очекувавте веројатно да кажам дека животот без пороци е поубав... не е, поубав е со пороци, но убав ми е сега животот затоа што сум со жената што ја сакам“ – открил тој своевремено за Blic.rs.

Има добиено награда „Иво Андриќ“ за книгата „Пуст остров“, има објавено десетина книги, а е почесен граѓанин на градот Чачак од 2022 година

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Србинка пронајде љубов на 80 години: „Во брак сме 2 години, се запознавме на Фејсбук, помлад е 13 го... Дека љубовта не познава возраст, докажува Оливера (83) која во деветтата децениј...
„За многу години“: Светна елката на плоштадот во Солун – има 10.000 светилки, илјадници луѓе се заб... Илјадници луѓе вчеравечер одбројуваа на Плоштадот Аристотел, додека да светне но...
Милица Дабовиќ, која призна дека е спремна на сè за пари, ќе се мажи за кумот на Дарко Лазиќ: „Среќн... „Зафатена сум, сакана сум и верена сум“ – одговори Милица дрско на обожавател, о...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Мајката праќала вулгарни пораки на синот, за таткото бараат 15 години затвор - Крај на судењето на р... За таткото се бара максимална казна затвор, а прочитани се и пораки што си ги ис...

Најчитани неделава