Ги шетал љубовниците низ Истанбул, на Сораја ѝ купил белегзија од 60.000 евра – Сите афери на Душко Тошиќ
Наводно, во тој период тој бил во врска со поранешната учесничка во реалното шоу „Големиот брат“, Сораја Сара Вуќелиќ, која била заедно со него во Турција.

Наводно, поранешниот фудбалер во тој период ѝ ветувал на љубовницата дека ќе се разведе од сопругата и дека набрзо тие двајца ќе прекинат да ја кријат љубовта.

Според српските таблоиди, додека Јелена била во врска со Огњен, Душко немал време за сопругата затоа што на љубовницата ѝ купил белегзија од 60.000 евра, облека и чевли.
Во српските таблоиди се пишуваше дека Јелена под дрво и под камен ја барала Сораја за да ги демантира написите во српските таблоиди, но не успеала во тоа.
Огњен Врањеш
Инаку, според српските медиуми, Јелена Карлеуша со години наназад имала навика да ги прогонува љубовниците на Душко и од нив да бара да демантираат дека биле во врска со него.

Така манекенката Владана Раилиќ прво тврдеше дека била во врска со Душко, за по два дена да го демантира тоа што го кажала и да почне да тврди дека Инстаграм профилот ѝ бил хакиран.
Владана Раилиќ
Сличното се случи и со манекенката Софија Милошевиќ, па Јелена дури и почна да носи нејзини модели и двете соработуваат.

Последниот скандал се случи на почетокот на годинава, кога Северина ја објави преписката во која Душко ѝ се додворува и ја кани на кафе.

Сè на сè, списокот на љубовници на Душко низ годините е подолг, а јасно е дека слабост му биле манекенките и водителките, додека според некои информации тој редовно ги користел и услугите на елитните проститутки.

Јелена сама призна дека со текот на годините таа му ги простувала сите неверства, но тој не можел да ѝ прости.
Според други, пак, таа секојдневно добивала видеоснимки од авантурите на Душко и со нив го уценувала да останат во брак, но на крај тој успеал да се разведе.

Прочитајте и По гласините дека Софија Мило има афера со нејзиниот бивши сопруг, Карелуша ѝ дојде на роденден во аутфит од 2.800 евра (фото)
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ...
Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“
„Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
Душко Тошиќ си позира со помалата ќерка во Турција, откако се огласи против Карлеуша: „Има ли крај?“
„По толку години... За што и да се зборува, Јеца постојано зборува за Душко. Има...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј...
„Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Душко Тошиќ и новата девојка се запознале пред 5 години, додека била во брак + Што мисли таа за Карл...
Се запознале додека таа сè уште била во брак, но во врска се само пет месеци и о...
Душко Тошиќ го прослави 41-иот роденден во родното село - ја гушка мајка му, ќерките Атина и Ника со...
Душко Тошиќ и покрај успехот и раскошот во кој ужива, никогаш не заборава од кад...