Видеа од Милош Биковиќ како пее на свадба со Здравко Чолиќ: „Кој се жени – ти?“

„Голем е заради дарбата од Бога“ – напиша Милош Биковиќ до видеото на кое се гледа како пее со Здравко Чолиќ на свадба. Дел од неговите следбеници се израдуваа и помислија дека актерот конечно споделил видеа од свадбата со партнерката.

videa-od-milosh-bikovikj-kako-pee-na-svadba-so-zdravko-cholikj-koj-se-zheni-ti-01.jpg

Познато е дека српскиот актер Милош Биковиќ се труди максимално да го скрие својот приватен живот од очите на јавноста и многу ретко споделува мигови од неговиот приватен живот.

videa-od-milosh-bikovikj-kako-pee-na-svadba-so-zdravko-cholikj-koj-se-zheni-ti-04.jpg

Милош и неговата партнерка Ивана Малиќ долго време ја криеја нејзината бременост од јавноста, а во февруари годинава го добија синот Василиј.

Потоа се дозна дека се венчале во тајност, без никој да знае за тоа.

Па затоа кога го објави видеото со Здравко Чолиќ на Инстаграм, дел од неговите следбеници се израдуваа и помислија дека актерот конечно сподели видео од својата свадба.

„Голем е заради талентот од Бога. Уште поголем е заради добрината на срцето. Мојот брат: Здравко Чолиќ. Фала Здравко“ – напиша до видеото Милош.

Но, со оглед дека не напиша ништо повеќе за свадбата, дел од неговите следбеници почнаа да прашуваат дали актерот конечно направил веселба со Ивана.

„Да не се ожени конечно?“

„Чија свадба е ова – твоја?“

Подоцна се дозна дека, на видеата не станува збор за свадбата на Биковиќ, туку на неговата најблиска соработничка Андријана Ѓорѓевиќ, која неодамна стапила во брак со својот долгогодишен партнер.

Според објавите, Милош бил тој што ја имал честа да ја „продаде“ невестата на младоженецот, според традиционалните обичаи, а одржал е емотивен говор пред присутните.

videa-od-milosh-bikovikj-kako-pee-na-svadba-so-zdravko-cholikj-koj-se-zheni-ti-05_copy.jpg

Но, за крај одлучил да ѝ приреди вистинско изненадување на својата соработничка и го поканил специјалниот гостин на вечерта да дојде да запее пред присутните.

videa-od-milosh-bikovikj-kako-pee-na-svadba-so-zdravko-cholikj-koj-se-zheni-ti-03.jpg

На видеата што се споделуваат на Инстаграм, може да се види дека сите биле изненадени кога на забавата се појавил Здравко Чолиќ.

Кликнете на објавите за да ги погледнете видеата:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нема да има свадба, Мелина измислила дека се мажи – бившата на Харис Џиновиќ сакала да го изнервира „Нема ништо од свадбата. Никаква венчавка нема да има. Јасно е дека не останаа в...
Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
Здравко Чолиќ: „Моите ќерки се разгалени, постарата многу сака да се слика, постојано е со телефонот... „Имам две ќерки кои се разгалени. Нормално... Па, и јас би бил разгален да сум н...
Здравко Чолиќ ѝ прослави 24-ти роденден на ќерката со забава во ресторан - букет рози, чанта од 2.80... Уна Чолиќ пред извесен период конечно го откри идентитетот на 10 години постарио...
Милош Биковиќ на Малдиви со сопругата и синот: „Стануваме во 5, фрламе камчиња во базен, така некако... „Необјаснива желба да се фрлаат камчиња во базен (на Василиј, не моја), станувањ...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...

Најчитани неделава