Јована Пајиќ, која ја поврзуваат со Марија Шерифовиќ: „Сите ние се тешиме, но разводот е катастрофа“

„Разводот мене ми беше најтешкиот период во животот и мислам дека на секого му е. Дури и некој кој со тоа се справува полесно, ќе го стигне кога-тогаш, едноставно затоа што тоа чувство за распад на семејството е тешко“, вели Joвана Пајиќ, која сега романтично ја поврзуваат со Марија Шерифовиќ.

jovana-pajikj-shto-ja-povrzuvaat-so-marija-sherifovikj-site-nie-se-teshime-no-razvodot-e-katastrofa-01.jpg

Joвана Пајиќ кон крајот на 2021 година се разведе од фронтменот на „Тропико Бенд“ Сале Тропико, а со одлуката за развод изненадија многумина, поради тоа што важеа за хармоничен пар.

Јована комплетно ѝ се посвети на кариерата, но уште дава изјави за поранешниот сопруг.

Некои српски медиуми сега на приватен план Јована ја поврзуваат со Марија Шерифовиќ.

jovana-pajikj-shto-ja-povrzuvaat-so-marija-sherifovikj-site-nie-se-teshime-no-razvodot-e-katastrofa-08.jpg

Прочитајте и Пред гласините за врска со Шерифовиќ, Јована Пајиќ беше мажена со Сале Тропико: „Ќе завршев во болница ако не се разведев“

На тема разводот Јована во една пригода за Блиц телевизија изјави:

„Сите ние се тешиме, но разводот е катастрофа. На секој разводот му е катастрофа.

Тоа мене ми беше најтешкиот период во животот и мислам дека на секого му е.

Дури и некој кој со тоа се справува полесно, ќе го стигне кога-тогаш, едноставно затоа што тоа чувство за распад на семејството е тешко. Семејството е основна ќелија на секое општество.

И не може никој да биде среќен кога едно семејство ќе се распадне“.

Кликнете на видеото:

Но, Сале вели дека лошото е зад нив и сега се нивните 5 минути за среќа.

Тој веќе има нова девојка и вели дека со неа се супер пар, а тој емотивно е исполнет.

Порачува дека нема намера да зборува ништо лошо против Јована, а тие како родителски пар по разводот одлично функционираат и ги делат обврските околу децата.

„Нема да зборувам јавно за мојата нова врска, затоа што сакам да ги заштитам децата“, изјави Сале за српските медиуми.

Папарацо фотки од Сале со новата девојка ТУКА.

Повеќе фотографии од Јована на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Марија Микиќ по гласините дека е со бившиот на море: „Не сме заедно, му праќам фотки од децата – тоа... „Како измисливте дека сме заедно на море? Јас на својот поранешен сопруг редовно...
Марија Шерифовиќ со синчето на одмор – ужива на плажа во Котор, во луксузен ресорт со поглед на зали... Марија Шерифовиќ објави фотка од плажа со синчето Марио, но и од погледот кој го...
Марија Шерифовиќ беше на Бали со полубратот Данијел, кој татко ѝ го добил од вонбрачна врска со друг... Во една пригода Марија Шерифовиќ откри дека родителите долго криеле од неа ...
По разводот кога бившиот сакаше да ѝ ги земе децата, Тања Савиќ (40) пронајде љубов - му прослави 30... По скандалите со бившиот сопруг Душан и крајот на бракот од 11 години во 2022-ра...

Најчитани неделава