Србинка во солзи: „Ова ти е Америка - работиш за да умреш сам“

„Ова ви е Америка. Моментално сум пред болница. Моја колешка од работа која има 42 години, Мексиканка е и има 4 деца, имаше мозочен удар на работа...“, ја започнува приказната Ива Аниќ од Србија.

iva-od-srbija-vo-solzi-ova-ti-e-amerika-rabotish-za-da-umresh-sam-01.jpg

Ива Аниќ е девојка од Србија која живее и работи во Америка и своите искуства оттаму ги споделува на нејзиниот ТикТок профил.

За жал, сега Ива сподели едно потресно видео во кое со солзи во очите раскажува за ситуацијата со која се соочила нејзина колешка од Мексико.

Ива вели дека сурово е како толку работиш и се трудиш таму, а буквално можно е да умреш сосема сам.

Во видеото Ива вели:

„Ова ви е Америка. Моментално сум пред болница. Моја колешка од работа која има 42 години, Мексиканка, и има 4 деца на возраст од 10 до 20 години, имаше мозочен удар на работа.

Префрлена е со хеликоптер во Бостон, имаше операција и сега е на интензивна нега и немаше кој да ја посети.

Ми кажа дека немала доволно пари за да им испрати на децата за да ѝ дојдат на посета и дека овој месец работела многу за да им плати станарина.

На нашиот работодавач, се разбира, не му беше грижа. Всушност, на никого не му е.

Јас дојдов да ја посетам затоа што секогаш беше добра со мене.

iva-od-srbija-vo-solzi-ova-ti-e-amerika-rabotish-za-da-umresh-sam-02.jpg

Целиот износ кој треба да го плати за болницата е 55.000 долари (50.000 евра), но, за среќа, Масачусетс е во ред по тоа прашање и ако немаш да платиш, сметката ќе биде платена од фондот.

Ѝ пружија помош и што е најважно стабилна е. Толку ме заболе што толку човек се труди за да ги обезбеди децата, а потоа завршува во болница и нема никого.

Таа ми кажа дека јас сум ѝ најблизок пријател.

Сето ова ми е ужасно – да немаш никого и на газдата да не му е грижа за тебе.

Јас ѝ донесов пижами, а јас не сум ѝ пријателка, туку колешка од работа. Тоа ме боли многу, гледајте ги луѓето околу себе и помогнете им колку можете“.

Нејзиното видео насловено како „Работиш за да умреш сам“ има илјадници споделувања.

Погледнете го видеото:

https://www.tiktok.com/@d_iva7/video/7428702609483124001

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...

Најчитани неделава