Семејната идила на Фрањо Ласиќ (70) со 32 години помладата сопруга и синот - ова му е четврти брак и четврто дете

Милена Ласиќ (38) е четврта сопруга на Фрањо - и покрај разликата од 3 децении во нивната возраст, таа вели дека е среќна со него. Инаку, најстариот син на Фрањо од првиот брак има 33 години.

semejnata-idila-na-franjo-lasikj-70-so-32-godini-pomladata-sopruga-01_copy.jpg

Хрватскиот актер Фрањо Ласиќ (70) и неговата 32 години помлада сопруга Милена Ласиќ од Белград го добија синот Николас на 29-ти ноември 2020 година. Фрањо својот мир и спокој го пронајде во домот на белградска адреса со саканата Милена (38), која е позната уметница.

Фрањо и Милена се веќе околу 9 години во брак, а претходно биле и 5 години во врска.

Ова е четврто дете за Фрањо, а прво за Милена.

Милена постојано споделува фотографии од секојдневието со синот на нејзиниот Инстаграм профил.

На една од поновите објави со синот Милена за синот, која беше на почетокот од школската година, напиша:

„Имаме ранец на грбот, но Николас не тргнува во училиште и многу сум среќна што уште не стигнал тој период.

А на сите родители чии деца одат во училиште им посакувам оваа година да ја поминат без агресија и потсмев.

Родителите да бидат полни со љубов кон своите деца, но и да ги тргнат розовите очила од очите кога тоа е потребно.

Бидејќи според ситуацијата во парковите ми се чини дека родителите од гледањето во телефоните не ги гледаат маните на своите деца, а често дури му се воодушевуваат на нивниот безобразлук и ривалство“.

Инаку, Фрањо Ласиќ во едно интервју за српските медиуми проговори за возраста, но и како успеал да ја освои сопругата Милена.

„Се разбира дека годините не се само број, годините донесуваат зрелост, искуство, трпение, разбирање, но и по некое седо влакно, но човек треба да се спријатели со своите години и да ужива колку што е можно повеќе во нив.

Секоја доба од животот си има свои предности и мани. Сето тоа е човечки живот и треба да се живее со полн здив, колку што е во рамките на нашите можности.

Животот е еден и треба да го цениме.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана м... „Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Са...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
„Полуда е од мене“ - Огњен Амиџиќ откри зошто ја обожава втората сопруга, со која неодамна доби ќерк... „Мина е фантастична и ѝ го кажав тоа, веднаш штом се запознавме. Мене ми е многу...

Најчитани неделава