„Животче мое најубаво“ – Саша Ковачевиќ сподели ретко видео со саканата Зорана и нејзината ќеркичка која слави роденден

„Секогаш вака да се смееме, среќен роденден путер мој“ – ѝ посака Саша на ќеркичката на неговата девојка, со која е многу близок и ја гледа како своја ќерка, а нејзиниот татко пак, објави како дуваат торта со малата Искра и неговата сопруга со која очекува заедничко дете. 

zhivotche-moe-najubavo-sasha-kovachevikj-spodeli-retko-video-so-sakanata-zorana-i-nejzinata-kjerkichka-1_1.jpg

Саша Ковачевиќ е речиси една деценија во љубов со својата сакана Зорана Тасовац, која има дете од Богдан Срејовиќ, бившиот на Цеца.

Саша ја знае Искра уште од најмала возраст и отсекогаш имаат близок однос, па често знае на Инстаграм да сподели некоја фотка со неа.

Сега, по повод нејзиниот 10-ти роденден на 25.12.2024, пејачот сподели видео од архива, направено на некој од нивните одмори на егзотична дестинација.

На видеото тројцата се во отворено возило, кое наликува на TUKTUK автомобилите кои се возат во азиските земји.

Саша и малата Искра наизменично ја пеат песната Leave The Door Open од Бруно Марс, додека тој држи телефон наместо микрофон и двајцата се забавуваат.

zhivotche-moe-najubavo-sasha-kovachevikj-spodeli-retko-video-so-sakanata-zorana-i-nejzinata-kjerkichka-05.jpg

Зорана пак, ги гледа со очи полни љубов, насмеана и горда што нејзините најважни луѓе во животот се толку блиски и уживаат во заедничкото време.

Во описот на видеото Ковачевиќ напиша: „Засекогаш вака да се смееме, пееме и да се сакаме, животче мое најубаво! Ти си моја гордост и најдобро девојче на светот! Нека ти е среќен роденденот путер мој, те сакам!“

zhivotche-moe-najubavo-sasha-kovachevikj-spodeli-retko-video-so-sakanata-zorana-i-nejzinata-kjerkichka-03.jpg

Кликнете за да го погледнете видеото: 

Инаку, во минатото, српскиот заводник има изјавено дека би сакал да се оствари во улогата на татко кога ќе дојде време за тоа, а дотогаш, малата Искра ја гледа и како свое дете. 

Тој ретко споделува приватни моменти на социјалните мрежи, но одвреме-навреме знае да ѝ искаже јавна љубов на саканата Зорана со заеднички фотки и емотивни пораки. 

По повод роденденот на Искра, и нејзиниот татко, Богдан Срејовиќ објави неколку фотки на Инстаграм Стори со кои ѝ го честита роденденот. 

„Среќен роденден животе мој“ - напиша тој на фотките на кои позира заедно со ќеркичката и сопругата, на свадбата со неговата бремена избраничка која се случи во септември годинава, но и додека заедно дуваат свеќички на роденденската торта. 

zhivotche-moe-najubavo-sasha-kovachevikj-spodeli-retko-video-so-sakanata-zorana-i-nejzinata-kjerkichka-08.jpg

zhivotche-moe-najubavo-sasha-kovachevikj-spodeli-retko-video-so-sakanata-zorana-i-nejzinata-kjerkichka---.jpg

Прочитајте и Бившиот на Цеца направи раскошна свадба со Мис Србија - првиот танц на песна од Калиопи, невестата смени 3 венчаници

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Софија Мило за првиот син на сопругот Лука Јовиќ: „Јас сум му маќеа – не му се дерам, тоа не е моја ... „Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога...
Девојка од Лесковац, на работ од смртта поради цистична фиброза, доби лек, па пронајде љубов и е 4-т... „Пред неколку години, поимот бременост за мене беше како далечен сон. Нешто убав...
„Некој да ме гледа како тој неа“ – Јаков Јозиновиќ (20) и Џејла Рамовиќ (23) во ново видео разгореа ... „Колку делуваат заљубено“, „Сакам да најдам некој што ќе ме гледа како Јаков што...

Најчитани неделава