Новак Ѓоковиќ нацрта срце на камерата - победата на мечот ја посвети на прегазената студентка во Белград (видео)

По напорниот меч на Австралија Опен, Новак на камерата нацрта срце и напиша „За Соња“, па победата ѝ ја посвети на девојката која беше „качена“ на автомобил и повредена на студентските протести во Белград.

novak-gjokovikj-emotiven-pobedata-na-avstralija-open-ja-posveti-na-pregazenata-studentka-vo-belgrad-video-04.jpg

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со голема мака, во три сета победи против Томаш Махач во третото коло на Австралија Опен и се пласираше во четвртфиналето на првиот Гренд слем во годината.

Иако беше изморен и нервозен од тоа што работите не му одеа според планот, тој сепак на крајот на мечот го прифати фломастерот од организаторите на турнирот, па се потпиша на една од камерите што вршеа директен пренос.

novak-gjokovikj-emotiven-pobedata-na-avstralija-open-ja-posveti-na-pregazenata-studentka-vo-belgrad-video-02.jpg

Тој на камерата напиша „За Соња“ и нацрта срце, а победата ѝ ја посвети на младата бруцошка од Правниот факултет.

Taa вчера беше прегазена во текот на студентските блокади во градот.

По немилиот настан кој се случи вчера, на социјалните мрежи почна да се споделува видео на кое возач поминува со автомобилот низ толпата и удира девојка која стои на тротоарот.

Девојката заврши на кровот на автомобилот, од каде се преврте и падна на улица.

Таа заврши со сериозни повреди на Ургентниот центар во Белград, а полицијата за брзо време успеа да го пронајде возачот кој избега од местото на несреќата.

Погледнете го вознемирувачкото видео ТУКА.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојката со крилја од Србија, родена без раце, е бремена вторпат – објави фотосесија со сопругот и ... Инспиративната Србинка која е родена без раце, позната како „девојка со крилја“,...
Девојката на Душко Тошиќ објави фотка од себе без шминка, додека тој се дружи со бившата Карлеуша и ... И додека регионалните медиуми нагаѓаат дали Душко Тошиќ избришал фотографија со ...
Новак Ѓоковиќ откри зошто се пресели во Атина со семејството: „Го сакаме најдоброто за децата“ Новак Ѓоковиќ се пресели од Србија и избега од контроверзии, мирот го пронајде в...
Девојката на Бака Прасе никогаш позгодна во Монако - Јутјуберот потрошил 30.000 евра на накит за неа Покрај возењето на јахта и луксузните ресторани, парот за време на престојот во ...
Соња Вуксановиќ е убавица на својот 50-ти роденден - бившиот Аца Лукас ѝ пее романтични песни на заб... „Кој знае да живее, не се плаши од годините... денес ги славам најубавите години...
Едната има 280 станови, другата ќе го наследи „пола Белград“ - Кои се трите најбогати ќерки во Србиј... Пораснале опкружени со изобилие и во луксуз и се наследнички на најбогатите српс...

Најчитани неделава