Соња Вуксановиќ е убавица на својот 50-ти роденден - бившиот Аца Лукас ѝ пее романтични песни на забавата
- Детали
- вторник, 24 март 2026
„Кој знае да живее, не се плаши од годините... Денес ги славам најубавите години што доаѓаат...“, порача Соња Вуксановиќ, а потоа си наздрави самата себеси. И поранешниот сопруг Аца Лукас славеше со неа.

Соња Вуксановиќ си организираше прослава по повод својот 50-ти роденден во еден белградски ресторан.

На настанот беа нејзините најблиски пријатели, а интересно е што меѓу гостите беше и нејзиниот поранешен сопруг, пејачот Аца Лукас.

Инаку, за својот роденден Соња на Инстаграм напиша:
„Кој знае да живее, не се плаши од годините... денес ги славам најубавите години што доаѓаат...“
Инаку, на социјалните мрежи се појавија снимки на кои Лукас во еден момент зеде микрофон и запеа за својата некогашна сопруга.
Додека Соња ги дуваше свеќичките на тортата, тој ѝ ја пееше песната „Очи једне жене“ од Тозовац.

Освен оваа песна, тој ѝ ја испеа и „Заљубљен во тебе“ од Синан Сакиќ.

Инаку, Соња Вуксановиќ пред Аца Лукас беше во брак со Жељко Шашиќ, со кого ја има ќерката Софија.
Прочитајте и „Не сум разгалена, но сакам да трошам“ - Ќерката на Соња Вуксановиќ и Жељко Шашиќ фит на плажа во Црна Гора со мајка ѝ
Со Жељко се омажила на само 18 години, а нивниот развод бил бурен и проследен со скандали.
