Беше зависен од хероин, се предозира со лекови на 44 години: Факти за Дино Дворник, хрватскиот „крал на фанкот“

Ќерка му е позната инфлуенсерка

Во 1989 година, Дино се венча со Данијела Дворник – хрватска писателка и блогерка.

Тие ја добија ќерката Ела Дворник која денес е успешна инфлуенсерка со над половина милион следбеници на Инстаграм.

Имаше проблеми со дрога

Дино со години водеше битка со зависноста од хероин, а и самиот зборуваше за овој проблем.

Според изјава на неговиот доктор кој му помагал во борбата со зависноста, тој имал и депресија.

„Беше депресивен, многу незадоволен од себе. Депресијата во одредена мера имаше врска со смртта на неговиот татко.

Почна многу да размислува за својата смртност“, изјави докторот по смртта на музичарот.

И мајка му има изјавено дека смртта на татко му многу го погодила, како и дека никогаш не забележала дека тој има проблем со зависност и дознала од медиумите.

Истовремено, сподели дека никогаш не ни забележала дека е под дејство на дрога бидејќи отсекогаш делувал како весела личност.

beshe-zavisen-od-heroin-se-predozira-so-lekovi-na-44-godini-fakti-za-dino-dvornik-hrvatskiot-kral-na-fankot-03.JPG

Страдал од хепатит

Дино имал хепатит Ц поради што примал терапија.

По неговата смрт, неговиот лекар се огласи и за ова, истакнувајќи дека терапијата што ја примаат зависници од хероин може да биде кобна ако се комбинира со терапија за хепатит.

„Денес се препорачува зависниците од дрога да примаат терапија за хепатит додека се стабилни.

Бидејќи, лековите за хепатит Ц имаат многу несакани појави, вклучувајќи и депресија и напнатост“.

beshe-zavisen-od-heroin-se-predozira-so-lekovi-na-44-godini-fakti-za-dino-dvornik-hrvatskiot-kral-na-fankot-06.JPG

Почина од предозирање

Во 2008-та, на само 44-годишна возраст, Дино Дворник беше пронајден мртов.

Само пет месеци пред неговата смрт, почина татко му – трагедија која, како што спомнавме, не ја прифатил лесно.

Токсиколошката анализа покажала дека Дино испил таблети за смирување, антидепресиви, како и таблети против болка поради што се предозирал.

Неговиот лекар потврди дека не починал од предозирање со хероин, туку лоша комбинација на лекови.

Постхумно, беше издаден неговиот седми студиски албум, насловен Pandronia kutija, на кој работел непосредно пред смртта.

beshe-zavisen-od-heroin-se-predozira-so-lekovi-na-44-godini-fakti-za-dino-dvornik-hrvatskiot-kral-na-fankot-07.JPG

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук



Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана м... „Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Са...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...

Најчитани неделава