„Бебе со крилја“ од Србија е борец за медал - се родила без раце, но не ја трга насмевката

Инаку, во Србија има уште една девојка без раце, но мајката на Ирина вели дека кај неа не станува збор за ТАР синдром, како кај Ирина.

prikaznata-za-devojche-1-od-srbija-so-retko-genetsko-narushuvanje-narecheno-e-bebe-so-krilja-04.jpg

По раѓањето Ирина била цела со модринки поради постојаните трансфузии и постојано морале да ја носат на хематолог.

Бидејќи во Србија докторите немале искуство, тие се обратиле во странство за помош при лекувањето. Покренале акција за донации и хуманите луѓе од Србија собрале средства за нивната Ирина.

„Плачевме многу со сопругот, светот постоеше околу нас, а ние се чувствуваме толку сами во тој миг.

За среќа, пронајдовме клиника со искуство со деформитети какви што има нашата Ирина и со помош од општината Бор направивме операција во Варшава“.

Ирина ќе мора да носи ортоза со месеци за да зајакне и да може да прооди.

prikaznata-za-devojche-1-od-srbija-so-retko-genetsko-narushuvanje-narecheno-e-bebe-so-krilja-05.jpg

Во неодамнешно гостување во утринска програма на телевизијата „Blic“ Јелена откри дека повела постапка против гинекологот, кој ѝ правел ехо-прегледи, но неправилности при водење на бременоста не биле воочени.

Инаку, гинекологот наводно ѝ кажал дека состојбата може да била од преголемата загаденост на воздухот со тешки метали во градот Бор.

Бор е градска населба во источна Србија, во регионот кој е познат и под името Тимочка Краина.

Според пописот од 2011 година Бор имал 34.160 жители и после Заечар е најголема населба во овој дел на Србија.

Бор е рударски и индустриски град со развиена обоена металургија.

Погледнете го неодамешното гостување на нејзината мајка Јелена:

Кликнете на видеото за да погледнете низ што сè поминала Ирина:

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Девојката со крилја од Србија, родена без раце, е бремена вторпат – објави фотосесија со сопругот и ... Инспиративната Србинка која е родена без раце, позната како „девојка со крилја“,...
Градимир од Србија: „Тешко е да си камионџија, особено на празници, но една случка во Минхен ме трог... „Поздрав до сите колеги камионџии, сакам да споделам нешто убаво, да не биде дек...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Жељко Бебек има 4 деца од 3 брака - втората ќерка се крие од јавноста, најмалите деца ги крсти по ро... Жељко Бебек, кој неодамна го прослави 80-тиот роденден е горд татко на 4 деца - ...
Мина, девојка од Србија со цистична фиброза едвај преживеа, па пронајде љубов и сега стана мајка: „Ч... „Така болна мајка роди толку здраво дете... И ти стана мојот најголем доказ дека...
Огњен Амиџиќ се огласи откако му се роди третото дете: „Пресреќен сум, Мина и бебето се супер“ Сопругата на Огњен Амиџиќ денес се породи во приватна клиника, а тој стана татко...

Најчитани неделава