Нашиот натпреварувач од „Ѕвездите на Гранд“, Лепа Брена: Естрадата се простува од Саша Поповиќ со тон емоции

„Сите што те познаваа ќе носат дел од твојата светлина во своето срце. Ти благодариме што беше дел од нашите животи, што ни покажа како да живееме со музика, радост, љубов и искреност“, пишува охриѓанецот Aлександар Јосифовски, македонскиот натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“.

nashiot-natprevaruvach-od-dzvezdite-na-grand-lepa-brena-estradata-se-prostuva-od-sasha-popovikj-so-ton-emocii01.jpg

Tрагичната вест за смртта на Саша Поповиќ, основачот на „Гранд“ продукција го обиколи регионот, а неговите пријатели и соработници се поздравуваат со него со емотивни зборови.

Од македонскиот натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“, Александар Јосифовски, до Цеца и Лепа Брена, трогателните објави за Саша Поповиќ.

Aлександар Јосифовски, охриѓанецот кој се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“

„Со тешко срце ги пишувам овие зборови, затоа што зборувам за човек кој го направи нашиот свет посветол, а сега повеќе не е со нас. Ти беше светлина, инспирација и причина за многу насмевки.

Секогаш знаеше како да ја разубавиш атмосферата, да внесеш радост дури и во најтешките денови. Твојот глас, кој одекнуваше во емисиите што ги водеше, носеше топлина и оптимизам. Ти не беше само водител, ти беше гласот на среќата, надежта, убавината на животот.

Но, повеќе од сè, беше човек кој знаеше како да ги насочи луѓето на вистинскиот пат. Со мудрост, искрено срце и рака подадена за помош на секој на кој му беше потребна. Секогаш имаше живот во твоите очи, утеха во твоите зборови, музика во срцето и вистинско пријателство во твоите дела.

Сега останува тишината, но остануваат и спомените што никогаш нема да избледат. Сите што те познаваа ќе носат дел од твојата светлина во своето срце. Ти благодариме што беше дел од нашите животи, што ни покажа како да живееме со музика, радост, љубов и искреност.

Почивај во мир, пријателе. Насмевката што ја остави зад себе никогаш нема да избледи“.

Светлана Цеца Ражнатовиќ

„Драги мој пријателе, ти беше човек со визија, харизма и неисцрпна енергија.

Твоето заминување е ненадоместлива загуба, не само за твоето семејство и најблиските, туку и за сите нас кои имавме чест да работиме и да се дружиме со тебе.

Ќе ми недостигаш бескрајно, Саленце…“

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Саша Ковачевиќ ќе стане татко, неговата свршеница Зорана е бремена со второ дете Парот се сврши во октомври 2025, а Саша постојано истакнува дека би сакал да има...
Трогателно простување на Марија Шерифовиќ од татко ѝ на денот на погребот: „На твојот внук ќе му рас... „Сигурна сум дека никој никогаш не ја сакал својата ќерка потивко, а повеќе. Ден...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловил... Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а с...
„Изгубив половина срце“ - Дарко Лазиќ скршен по смртта на брат му (32), кој беше пејач, со прекрасна... „Како да изгубив дел од себе, сè ова многу тешко ми падна. Изгубив половина од с...
Се ожени Саша Ковачевиќ - невестата блеска во венчаница од тантела, објавени први снимки Парот, кој го чека своето прво дете, се венча во кругот на најблиските, свадбата...

Најчитани неделава