Трогателно простување на Марија Шерифовиќ од татко ѝ на денот на погребот: „На твојот внук ќе му раскажувам каков мангуп беше“

„Сигурна сум дека никој никогаш не ја сакал својата ќерка потивко, а повеќе. Денес, кога нè напушташ во физички облик, сакам да знаеш дека на сите ќе ни недостасуваш. А најмногу, иако нема да признае, на твојата омилена пеjачка, твојата Вера. Оној ден кога во болница те праша – Дали ме сакаш – собра сили да кимнеш со главата“ - Шерифовиќ со емотивно писмо се збогува од татко ѝ на денот на неговиот погреб. 

trogatelno-prostuvanje-na-marija-sherifovikj-od-tatko-i-na-denot-na-pogrebot-na-tvojot-vnuk-kje-mu-raskazhuvam-kakov-mangup-beshe-01.jpg

Рајко Шерифовиќ, музичар од Крагуевац и татко на легендарната Марија Шерифовиќ, почина на 10.11.2025 по тешко боледување.

Низ годините тие имаа турбулентен однос, посебно тој и нејзината мајка Верица, со која беа разведени, но Марија призна дека во последните години функционирале добро. 

Денес, на денот на неговото испраќање во вечното почивалиште, Марија објави трогателно писмо до татко ѝ. 

Пејачката сподели видео снимка на која зборуваат, се смеат и прегрнуваат, а во описот напиша:

„Сигурна сум дека никој никогаш не ја сакал својата ќерка потивко, а повеќе. Како што сум сигурна и дека никој никогаш не го сакал својот татко потивко, а повеќе.

Некогаш ми недостасуваше, некогаш ми беше тешко да пронајдам начин да не ти бидам лута. Највеќе те сакав кога беше духовит и правеше ситни пи*дарии.

Можеби некогаш недостасуваа малку повеќе прегратки или топли зборови и разбирање. Но, веќе знам што би ми рекол – Ќерко, ни ти ни јас не сме пи*ки, што ќе ни е тоа.

Па наоѓаше свои начини да ја покажеш таа тивка, а никогаш поголема љубов.

trogatelno-prostuvanje-na-marija-sherifovikj-od-tatko-i-na-denot-na-pogrebot-na-tvojot-vnuk-kje-mu-raskazhuvam-kakov-mangup-beshe.jpg

Често говореше – Како е можно ваква бараба да направи вакво чудо? А го направи!

И не само тоа, туку позади тоа чудо дојде уште едно мало чудо со најубава насмевка, руса коса и зелени очи.

Твојот внук Марио. На кого ќе му раскажувам како дедо му беше најголем шмеќер и мангуп во градот Крагуевац.

Никој не го сакаше моето пеење како мојот татко. Најдраго му беше да се перчи по чаршија како ќерка му е шампионка на животот.

И сум. Веројатно сум морала да бидам тоа јас. Твоја.

Денес, кога нè напушташ во физички облик, сакам да знаеш дека на сите ќе ни недостасуваш. На твоите пријатели, екипата од градот, на синот Данијел.

А најмногу, иако нема да признае, на твојата омилена пеjачка, твојата Вера. Оној ден кога во болница те праша – Дали ме сакаш?, собра сили да кимнеш со главата.

Докторите би рекле патолошка љубов. И нека биде.

trogatelno-prostuvanje-na-marija-sherifovikj-od-tatko-i-na-denot-na-pogrebot-na-tvojot-vnuk-kje-mu-raskazhuvam-kakov-mangup-beshe-03.jpg

Сакам да знаеш дека успеав да разберам и ништо не замерувам. Сè тоа одамна се израмни. Остануваш да живееш низ мене, затоа што јас одамна го зедов твоето најдобро.

Таму некаде горе, фрли поглед од време навреме, запали црвено Marlboro со кратко еспресо и знај дека вредеше.  

Прегрни ми го чичо. Прегрни ми го братот. Онаа мојата кралица, убавица, твојата мајка, а мојата баба бакни ми ја милионпати и кажи ѝ дека ја сакам повеќе од тебе и Верица заедно.

Беше во право, излезе вистина нејзиното. Верица е уште полуда како баба од неа.

Те сака твојата ќерка Марија, синот Данијел, внукот Марио, нашите семејства, пријатели и твојата омилена пеjачка и љубов Верица.

Почивај во мир дедо!“

Погледнете го видеото:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
Софија Мило за првиот син на сопругот Лука Јовиќ: „Јас сум му маќеа – не му се дерам, тоа не е моја ... „Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога...
Синот на Марија Шерифовиќ завршил во болница на летување: „Зеде залет и скокна, моравме на рендген“ „Во Рисан завршивме на ортопедија, во болница, бидејќи скокаше. Имаше залет и ск...

Најчитани неделава