Зошто пејачот Владо Георгиев не јаде веќе 9 дена?

Неговата објава од вчера (09.04) гласи:

„Засега се чувствувам феноменално, неверојатен баланс без никакво чувство на глад. На сите што имаат сила на одлука им го препорачувам ова од срце“.

Владо Георгиев всушност практикува диета, односно процес каде што организмот преку гладување ги користи ресурсите од сопственото тело. На тој начин телото се чисти од токсини.

За време на овој режим не е дозволена храна, но се консумираат разни чаеви и здрави сокови.

Последната негова објава гласи:

„223 часа

Целта е 240 часа, што се ЦЕЛИ ДЕСЕТ ДЕНА без ни трошка храна – само на вода, чаеви и еспресо.
Признавам, првпат вечерва почувствував непријатна сензација (забрзано чукање на срцето, слабост).

Утре ќе одлучам: да продолжам или да застанам на 240 часа.
Поздрав од Херцег Нови“.

Инаку, Владо Георгиев е во љубов со Милица Самарџија, а нивната романса започна за време на снимањето на спотот за песната „Искрено“.

zoshto-pejachot-vlado-georgiev-ne-jade-vekje-9-dena-08.jpg

Врската долго време ја криеја од јавноста. Денес парот ужива во љубовта и имаат две ќерки, Софија и Елена.

zoshto-pejachot-vlado-georgiev-ne-jade-vekje-9-dena-04.jpg

zoshto-pejachot-vlado-georgiev-ne-jade-vekje-9-dena-11.jpg

Владо неодамна беше уапсен, поради возење со голема брзина и во алкохолизирана состојба. Иако Владо тврдеше за српските медиуми дека не бил во алкохолизирано издание, тој често е во таква состојба на настапите.

Владо пее со ќерката Eлена на сцената, по повод нејзиниот 7-ми роденден:

zoshto-pejachot-vlado-georgiev-ne-jade-vekje-9-dena-03.jpg

Кликнете на видеото за да видите како Владо пее со ќерката Софија до себе, по повод нејзиниот 8-ми роденден:

Погледнете едно од видеата за кое фановите сметаат дека Владо пее во алкохолизирано издание:

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Владо Георгиев на гала настан со 15 години помладата партнерка - Ретко појавување на Милица во јавно... Коментарите на социјалните мрежи се дека се преубав пар, но има и такви кои вела...
Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловил... Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а с...
По 2 пропаднати брака се ожени со 11 години помлада, чекаат трето дете – Која е атрактивната сопруга... „Некои велат дека сум со него заради пари, но кога го запознав тој беше на дното...
„Данило ме изневери, се иселив од дома пред несреќата“ - Наташа Беквалац по 14 години искрено за раз... „Мојот брак со Данило заврши пред неговата несреќа. Во моментот кога му се случи...
Важи за најзгоден српски фраер, зад себе има развод и борба со алкохол - Кој е пејачот Владан Савиќ? Со кореографијата на концерт, каде 7 девојки го расоблекуваат до боксерки, фронт...

Најчитани неделава