„Не ми прости за една изјава“ - Во какви односи се мајката на Жељко Јоксимовиќ и неговата сакана Јована?
- Детали
- среда, 30 април 2025
Мајката на Жељко Јоксимовиќ ја обожава неговата прва ќерка, па дури и се дружи со првата жена на пејачот, а за Јована вели дека поради еден немил настан малку се оддалечиле.
Односот помеѓу мајката на Жељко Јоксимовиќ и неговата сопруга Јована Јоксимовиќ, а нејзина снаа, често е тема на интерес во српските медиуми.
Во текот на годините имаше гласини за бројни недоразбирања меѓу нив две, а во една пригода мајката на пејачот, Весна, и јавно проговори на таа тема.
Мајката на Жељко изјави:
„Јована е точно таков тип на девојка каков што Жељко сака.
Извесен период често се гледавме со Јована и бевме многу блиски, но откако во еден медиум изјавив дека посакувам внуци (во периодот кога уште немаа деца), се оддалечивме.
Тогаш излезе наслов: „Мајката на Жељко открива дека Јована е бремена“, што беше апсолутна лага, а јас, без вина, бев нападната.
Изгледа таа не можеше да ми го прости тоа и оттогаш постои некоја дистанца меѓу нас“.
Инаку, Јована во медиумите нема зборувано за свекрвата Весна, но има откриено детали за нејзиното семејство.
Јована Јоксимовиќ за своите блиски изјави:
„Горда сум што семејствата на мојот татко и мајка се белграѓани, сите се родени тука, дури и чукунбаба ми. Имав привилегија да живеам во станот на прадедо ми во населбата Дорќол.
Мајка ми секогаш ми велеше да внимавам, бидејќи иако сум одличен ученик, на факултет ќе ме престигнат сите од внатрешноста. Тоа тогаш не ми беше јасно, но факт е дека ние белграѓани знаеме да се опуштиме.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





