Данијела Димитровска закрепна од повредата и се бакнува со саканиот: „Учам да успорам во животот“
- Детали
- недела, 11 мај 2025
„Последниве денови повторно учам да успорам. Да не трчам низ животот како да ќе испуштам нешто важно“, вели Данијела Димитровска која ужива во љубовта со Јеврем Косниќ, но и во тоа што се вратила на својата омилена навика.

Пред да објави дека се свршила со саканиот, Данијела Димитровска на својот Инстаграм профил откри дека дека по долго време повторно почнала со омилената навика трчање и тоа ѝ годи.
Но, од друга страна, пак, вели дека учи да не трча низ животот.

„Имав повреда на коленото и морав да паузирам, а сега кога одново почнав да трчам полека се потсетив зошто толку уживав во ова“.

Потоа, таа додаде дека учи да ужива во животот полека и смирено, а очигледно за тоа ѝ годи друштвото од нејзиниот сакан Јеврем Косниќ.

Данијела објави низа фотографии од себе и саканиот и напиша:
„Последниве денови повторно учам да успорам. Да не трчам низ животот како да ќе испуштам нешто важно.
Учам и дека не ми е потребна причина за да одморам. Да си посветам време на себе и да се вратам на добрите навики.

И, најважно, по години пауза и повреда, се враќам на трчање!
Добро, 3.5 километри… За некого ништо. За мене - слобода, сила, победа.
Утрата почнаа да мирисаат на кафе по трчање. На насмевка без причина и на луѓе кои ми ги полнат батериите.

Никогаш не смееме да заборавиме дека грижата за себе не е луксуз. Тоа е храброст да застанеш, да се слушнеш и да си кажеш: Одлично ти оди!“


