Сестрата на балканската тиктокерка Uki Q, која сопругот ја претепа до онесвестување, доби пресуда - 10 месеци затвор за напаѓачот
- Детали
- петок, 16 мај 2025
„Правдата е задоволена! Не му посакувам зло, но тој ја тепал 15 минути додека била онесвестена....“, вели мајката на тиктокерката Uki Q и на нејзината сестра Сара, која беше жртва на семејно насилство во 2022 година. Uki Q зборуваше јавно, а напаѓачот доби пресуда сега. Предупредување: Вознемирувачки фотографии.
Случај, кој во 2022 година ја потресе регионалната јавност, вчера (15.05.2025) доби разрешница во судот во Белград.
Случајот со семејно насилство привлече големо внимание во јавноста, особено поради ангажирањето на тиктокерката Уна Каблар, попозната како Uki Q, која всушност е сестра на жртвата Сара.
Uki Q тогаш преку социјалните мрежи објави фотографии од повредите на сестра си и се трудеше да ја подигне јавната свест за насилството врз жените.
Таа детално откри што ѝ се случило на нејзината сестра.
Сега, беше изречена пресуда за напаѓачот Дамјан Х. (25), кој беше обвинет за брутално претепување на својата емотивна партнерка Сара Х. (22).
Дамјан Х. (25) вчера беше осуден на 10 месеци затвор и три години забрана за приближување и комуникација со жртвата.
Насилството, се случило кон крајот на септември 2022 година, кога Сара Х. пријавила дека нејзиниот сопруг ја тепал, удирал со глава од плочки, по што изгубила свест.
Дамјан Х. по пријавата бил уапсен и му било одредено задржување поради сомнение за семејно насилство.
По извесен период, бил пуштен да се брани од слобода, со изречена мерка за забрана на приближување и комуникација со оштетената.
Мајката на Сара Х., Дијана Маринковиќ, за српскиот магазин „Курир“ изјави:
„Правдата е задоволена!
Не му посакувам зло, но тој ја тепал 15 минути додека била онесвестена.
Правдата е задоволена, не само за нас, туку за сите жртви кои трпат насилство, оваа казна е поука вакво нешто да не се повтори“.
На изрекувањето на пресудата Сара Х. не присуствувала.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





