Сестрата на балканската тиктокерка Uki Q, која сопругот ја претепа до онесвестување, доби пресуда - 10 месеци затвор за напаѓачот
Инаку, Uki Q е родена во Хрватска, а живее во Белград и важи за балканска ТикТок кралица.
На Инстаграм има повеќе од 614.000 следбеници, додека на ТикТок ja следат повеќе од 1.7 милиони луѓе.
На телото има многу тетоважи, има необичен моден стил и комплетно е искрена кон своите следбеници, а токму тоа е тајната на нејзината популарност.
Уна кога во 2022 година објави вознемирувачки фотографии од повредите на сестра ѝ, во описот напиша:
„Сопругот на мојата сестра на 28.09.2022 ја претепа мојата сестра Сара, речиси до смрт.
Ѝ ја фатил главата и ѝ ја удирал од плочки, ја стискал за врат во обид да ја удави, а потоа ја мавал со рацете со сета сила.
Го притискал бебето, старо 2 месеци, со закани дека ќе ѝ го одзеде старателството ако се разведе од него.
Откако ја „унаказил“, ја доведе и побегна пред да дојдат татко му и брат му, затоа што е татин син.
Дојдоа смеејќи ни се пред полицијата, со дофрлање од страна на татко му, како е горд на својот син и како допрва ќе биде. Откако му кажавме на татко му дека сè ќе објавиме јавно, тој почна да ни се заканува со тоа како тој за тоа има лек, мислејќи дека со пари ќе реши сè.
Во најдобар случај ќе биде казнет само со забрана за пристап, а ја претепа сестра ми речиси до смрт и уште не знаеме кои се последиците од нејзините повреди.
Би ве замолила сите да ја споделите оваа објава за помош во борбата со семејното насилство, насилство врз жена и бебе од 2 месеци.
Имаме уште многу да кажеме, но сега сме во состојба на шок“.
Дали Uki Q е задоволна од пресудата останува да видиме...
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





