Анѓелка Прпиќ ги збуни фановите - Втор роденден на ќерката или второ дете со саканиот, кој му беше другар на нејзиниот бивши
- Детали
- вторник, 20 мај 2025
Со труднички фотографии и емотикон пиленце Анѓелка Прпиќ ги збуни фановите, кои почнаа да ѝ честитаат принова. Актерката со вториот сопруг блеска, постојано патува и веќе не ги крие емоциите кон него, и покрај контроверзиите околу тоа како започна нивниот однос.

Актерката Анѓелка Прпиќ некогаш, а денес Анѓелка Стевиќ Жугиќ, во 2023 година се омажи за Марко Жугиќ.

Инаку, Марко беше најдобар пријател на нејзиниот поранешен сопруг и токму затоа парот е постојано во фокусот на интересот.

Од првиот брак Анѓелка има син, а во вториот брак со Марко добија ќерка.

Ќерката Чарна ја добија во мај 2023 година, а сега Анѓелка ги збуни фановите.

Таа ненадејно објави труднички фотографии со опис број 2 и емотикон пиле.

Анѓелка ги збуни фановите дали ова е честитка за вториот роденден на ќерката или, пак, таа е повторно бремена и со Марко очекуваат второ заедничко дете.
Честитките од фановите се нижат под објавата, но дали актерката навистина е повторно трудна или само ѝ честита роденден на ќерката, останува да видиме.




С. С. | Црнобело