Јадела само ориз, немала за кирија, како келнерка добила бакшиш од 30.000$ од саудиски принц - Дајана од Босна денес е холивудска актерка
- Детали
- сабота, 24 мај 2025
Taa по преселбата во Лос Анџелес заработувала премалку за да може да си плати кирија таму, но одела чекор по чекор до остварување на нејзиниот холивудски сон. Денес, Дајана Гудиќ (35) вели дека го живее сонот, а досега имала улоги во 3 филма.
Дајана Гудиќ (35) е актерка и модел со потекло од Сараево, Босна и Херцеговина, која на 15-годишна возраст се преселила во САД.
Таму по студиите се преселила во Лос Анџелес, каде што започнала да работи како модел, актерка и продуцент.
Позната е по улогите во филмовите „Impulse“ (2023), „Pretty Thing“ (2025) и „Marked Men“ (2025).
Дајана на Инстаграм има повеќе од 737.000 следбеници.
Во интервјуа за босанските медиуми Дајана во повеќе пригоди говореше дека дека нејзиниот животен пат бил исполнет со предизвици, вклучувајќи и тешкотии при адаптацијата во САД и разделбата од семејството.
Сепак, нејзината посветеност и труд резултирале со успешна кариера во Холивуд.
Дајана Гудиќ е пример за успешна жена од Балканот која успеала да стане дел од светската филмска индустрија.
Нејзината кариера во Холивуд започнала откако Џејми Фокс ја забележал на Инстаграм и ја повикал за соработка.
Дајана вели дека на почетокот на кариерата работела по 12 часа за 100 долари.
Нејзината исповед:
„На почетокот заработував многу малку, штотуку дојдов, а конкуренцијата беше огромна.
Работев за 100 долари 12 часа, а тоа не е ништо, бидејќи во Лос Анџелес киријата за стан е од 2.500 до 3.000 долари месечно, плус сметки и не можев да опстанам без цимерка.
Првиот месец јадев само ориз, нема да го кријам тоа.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





