Јадела само ориз, немала за кирија, како келнерка добила бакшиш од 30.000$ од саудиски принц - Дајана од Босна денес е холивудска актерка
Слушнав дека во една дискотека бараат келнерки, таму излегуваа Ријана, Леонардо ди Каприо и други славни личност.
Имаше кастинг, 5.000 модели и избраа само 20 луѓе. Јас задоцнив на тој кастинг, но знаев дека морам таму да влезам да работам и преку еден пријател дознав дека газдата на таа дискотека секој понеделник излегува во една друга дискотека.
Си реков ќе одам таму. Имаше обезбедување околу него, јас дојдов и им реков: ‘Извинете, морам да се запознаам со Ричи...’
Обезбедувањето ми рече да се тргнам, но јас стоев еден час и му мавтав. Тој на крајот пријде и ме праша за што станува збор.
Го замолив да ми даде работа во неговата дискотека и му ветив дека ќе бидам најдобра од сите, дека ќе продавам најмногу пијалаци.
Ми рече дека го почитува тоа што стоев таму еден час, ми даде број и ми рече да го побарам утре.
Таа работа ми го смени животот, почнав да заработувам големи суми, 1.000–2.000 долари секоја ноќ.
Тоа е елитна дискотека, таму доаѓаат најуспешните луѓе.
Нашата работа беше да стоиме до масите и да ставаме пијалаци.
Никој не нè вознемируваше, бидејќи секој од тие моќници доаѓа со 15 модели.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





