Јелена Карлеуша направи нов Инстаграм профил, по избришаниот - собра 1.4 милиони следбеници, а од 23 луѓе следи и еден Македонец
- Детали
- четврток, 22 мај 2025
Јелена Карлеуша покажа каква моќна армија на фанови има откако од 0 крена нов Инстаграм профил и за период од 5 дена надмина милион следбеници и повторно стана една од најследените ѕвезди во регионот. Но, кој Македонец е во тесниот круг на луѓе што неа ѝ се важни? Плус, со кој познат српски спортист ја поврзуваат?
Пејачката Јелена Карлеуша минатата година во српските медиуми беше поврзувана со згодниот кошаркар Никола Јовановиќ, a сега повторно се разгореа гласините за нивниот однос.
Иако многумина мислеа дека од таа врска нема ништо и дека можеби станува збор за маркетинг, според сè изгледа дека односот сè уште трае.
Таа на новиот профил на Инстаграм следи само 23 луѓе, меѓу кои е токму овој кошаркар.
Претходниот Инстаграм профил на Карлеуша ѝ беше згаснат со повеќе од 2 милиони следбеници, а сега таа отвори нов профил каде почна со огромна брзина да собира следбеници и за само пет дена достигна над еден милион следбеници.
Сега бројката на следбеници е 1.4 милиони следбеници (но истата може брзо да се менува).
ПР тимот кој го разработува новиот профил на пејачката работи многу интензивно и ги објавува сите нејзини настапи и фотографии од текот на годините кариера.
Инаку во тесниот круг на луѓе што ги следи таа се нејзините ќерки Атина и Ника, татко ѝ Драган и најблиските соработници. Токму поради тоа многумина се запрашаа зошто на таа посебна листа се најде и овој млад спортист.
Јелена Карлеуша во една пригода призна дека Никола е згоден млад човек и дека ѝ се допаѓа.
Таа даде и интересна изјава на тема љубов:
„Можам да кажам дека постои некој. Но сè во свое време...
Душко и јас одамна не бевме во тие маж-жена односи, односно повеќе од пет години и би било нереално никој да не ми се додворува, никој да не ми се допаѓа и никој да не ме прегрнал или бакнал.
Не велам дека сум заљубена, но задоволна сум.
Јас не сјаам поради некој друг, јас сјаам главно кога сум задоволна сама со себе. Тоа е најдоброто решение за сите женски проблеми – сјајте, драги дами, поради себе, не поради партнерот, бидејќи само вие сте таа константа“.
Инаку, од 23-те луѓе кои ги следи Карлеуша еден е и Македонец, а тоа е Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој на својот Инстаграм профил има 113.000 следбеници.
Карлеуша и Боки 13 се во пријателски односи одамна.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





