Kаде е и што прави Алина, првата трансродна личност што се појави на сцената во „Ѕвездите на Гранд“ во 2022?
- Детали
- петок, 06 јуни 2025
„Знаете, ова не е лесен живот. Понекогаш кога шетам по улица, луѓето ме гледаат, па го слушаат гласот, а јас морам да им објаснувам“, вели Алина Јухарт, која некогаш била Алино.
Алина Јухарт привлече огромно внимание кога се појави на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ во 2022 година, каде што призна дека е трансродна личност.
Потоа, на Јутјуб се појави и снимка на која Алина Јухарт исто така пее, но во периодот кога била Алино.
Таа во една пригода за српските медиуми зборуваше за својата борба поради различноста.
Нејзината исповед:
„Јас понекогаш дури заборавам дека сум нешто поразлична, едноставно толку ја доживувам и живеам мојата женственост што понекогаш и заборавам.
Мислам дека сè почна уште кога бев девојче, но тоа е процес, па и ден-денес се сомневам во себе.
Знаете, тоа не е лесен живот. Понекогаш кога шетам по улица, луѓето ме гледаат, па го слушаат гласот, а јас морам да им објаснувам.
Уште во детството сакав да носам фустани и почнав да се чувствувам како девојче.
Искрено, имав фустани дома, уште пред повеќе од десет години ги носев, но јавно почнав многу подоцна. За првпат беше во Сплит.
Тогаш почувствував потреба да облечам фустан и тогаш процветав, па од тогаш не ги соблекувам фустаните.
Ретко носам панталони или фармерки - секогаш бирам фустани, не можам веќе без нив.
На себе немам ништо вештачко, ништо не сум направила, сакам да бидам природна, да имам природна боја на косата.
Инаку, Алина неодамна се појави во студиото на „Ѕвездите на Гранд“, па многумина помислија дека се враќа во натпреварувањето, но тоа не беше случај.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





