Србин за девојката (19) што загина при парасејлинг во Будва: „Паничните напади не се наивни - ги имам и јас“
Што сè можат нашите мисли.
Да нè кренат до бескрајот,
и да нè урнат, одеднаш, сосема неочекувано.
Кога бев дете, уште бебе,
баба ми знаеше да ме крене и да ме држи над тераса.
Не знам што ѝ значеше тоа, веројатно сакаше да ми покаже дека не треба да се плашам и дека е со мене.
Јас чувствував таков страв од тоа, од кој никогаш не се ослободив.
Никогаш не можев да погледнам од таа тераса, иако е прв кат.
Секогаш гледав некаде во далечина, никогаш надолу.
Веднаш ќе го замислев падот, и ќе почувствував болка во телото.
И ден-денес, секогаш кога ќе погледнам надолу, ако станува збор за некоја поголема височина,
имам чувство како да ќе „полетам“.
Затоа никогаш не сакав да седам на места
каде има огромна висина.
Доволно е само да помислам,
дека некој неконтролиран потег може да ме однесе.
Слично е и со девојката што настрада.
Кој знае каков ирационален страв ѝ се појавил во главата,
за кој ни самата не знаела дека постои.
И во тие моменти, единственото нешто што го сакаш е — да се ослободиш, да побегнеш, да се спасиш.

Нападите на паника не се ни малку наивни,
често им се случуваат на луѓе на јавни места.
Не треба да ги гледаме како чудни,
туку да им помогнеме“.
С. С. | Црнобело