Трансформацијата на Мила од Србија: Имала 134kg - се развела, за една година ослабела 50kg и се препородила

„Во бракот маж ми или беше излезен во град или седеше на телефон. Храната ми беше главна утеха“, вели Мила Николиќ од Србија, која направи драстична трансформација на животот и изгледот и е посреќна од кога било.

transformacijata-na-mila-od-srbija-imala-134kg-se-razvela-za-edna-godina-oslabela-50kg-i-se-preporodila-01.jpg

Мила Николиќ (некогашно презиме Наѓ) од Србија е контент креатор на Инстаграм со повеќе од 51.000 следбеници, која себеси шеговито на Инстаграм се нарекува „новопечена распуштеница со минус 50 килограми“.

Таа јавно говори како за разводот, така и за борбата со килограмите.

Мила поминала низ многу животни предизвици, вклучувајќи и токсичен брак, од кој излегла посилна и послаба од кога било.

transformacijata-na-mila-od-srbija-imala-134kg-se-razvela-za-edna-godina-oslabela-50kg-i-se-preporodila-02.jpg

Покрај сите обврски, како деца, маж, работа, Мила сè повеќе тонела во проблеми со килограмите и емоционалното прејадување.

Со поранешниот сопруг имала проблематичен однос кој траел 13 години, а последните седум години од бракот Мила сакала да се разведе.

Нејзината приказна е инспирација за многу жени кои се борат со слични проблеми.

transformacijata-na-mila-od-srbija-imala-134kg-se-razvela-za-edna-godina-oslabela-50kg-i-se-preporodila-07.jpg

Таа ја сподели својата приказна за борбата со килограмите и емоционалното прејадување, како и тоа како успеала да го најде патот кон поздрав и посреќен живот.

Во почетокот, Мила не била свесна дека се прејадува од емоции, особено затоа што пријателките ѝ велеле дека добро ги носи килограмите.

Нејзината исповед:

„Како мајка на четири деца, сменив 3-4 работни места, на кои не можев да се задржам поради животните околности и мојот поранешен сопруг.

Поминаа барем седум години додека да сфатам дека нешто не е во ред во мојот брак, и тогаш веќе бев сигурна дека немам ни нормален однос со храната.

Најголемата тежина што ја имав беше 134 килограми. Сите четири бремености ми беа со преку сто килограми.

Ноќе имав ненормална потреба за прејадување и дојдов до заклучок дека тоа беше поврзано со квалитетот на мојот живот и однесувањето на мојот сопруг.

Тој секогаш беше или тргнат на излегување во град или на телефон.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Првиот сопруг бил во затвор во Германија, со вториот - спиеле во одделни соби: Кои се бившите сопруз... „Тој период го паметам како најмачниот. Ми беше многу тешко, па утеха наоѓав во ...
Имала афера со сопруг на колешка пејачка кога била бремена: Најголемиот скандал на Милица Тодоровиќ До самото раѓање на нашето дете се чувствував среќно и сакано во врската со Мило...
Градимир од Србија: „Тешко е да си камионџија, особено на празници, но една случка во Минхен ме трог... „Поздрав до сите колеги камионџии, сакам да споделам нешто убаво, да не биде дек...
Се вљубил во неа кога имала 17 години, мајка ѝ страдала: Кој е сопругот на Маја Беровиќ (38), некога... „Доаѓаше на секој мој настап и сè завршуваше со погледи, бидејќи имав само 17 го...
Инфлуенсерката Николина Ковачевиќ од Србија е родена како Његош: „Имаше мажи кои не знаеја дека сум ... „Имаше мажи кои не знаеја дека сум го променила полот. Генерално, кога врската ќ...
Девојката со крилја од Србија, родена без раце, е бремена вторпат – објави фотосесија со сопругот и ... Инспиративната Србинка која е родена без раце, позната како „девојка со крилја“,...

Најчитани неделава