Трансформацијата на Мила од Србија: Имала 134kg - се развела, за една година ослабела 50kg и се препородила
Храната ми беше главна утеха. Мислам дека како мајки и жени знаеме да се заборавиме себеси, но кога ќе почнеш да се посветуваш на себе, сè се менува од корен.

Но, во 2023 година одлучив да се разведам и постепено почнав да учам што значи нормално да се јаде.
Таа потреба за храна ја пренасочив на други работи и желби. Се ослободив од сè што ме црпеше и уништуваше емоционално – загубив пријатели, но се вратив себеси.

Почнав да одам и во теретана. Исто така, имав и повреда на ногата која ми отежнуваше сè.
Во рок од една година, изгубив 49 килограми.

Можам да ви кажам дека вреди секој капка пот и труд.
На другите жени би им дала совет да се посветат на себе и да бидат малку поегоистични – да не се откажуваат од себе.
Треба да го замислат животот како филм, и на нив е дали ќе ја играат споредната или главната улога“.

Прочитајте и Мила од Србија го слави разводот: „8 години пекол, измами, неверства - фала Боже, готово е!“
С. С. | Црнобело