Цеца (52) за проблемот со додворувањето: „Порано сите флертуваа, а сега жените седат сами во град и гледаат во телефоните“
- Детали
- петок, 27 јуни 2025
„Деведесеттите беа време кога не можеше да се одбраниш од додворувачи кога ќе излезеш во град, а денес жените седат сами на маса и никој со никого не комуницира“, вели Цеца и ја доловува и атмосферата што владее кога ќе излезете во град и кај нас.

Светлана Цеца Ражнатовиќ остана вдовица пред 25 години и оттогаш се труди да го крие својот љубовен живот, иако имаше една јавна врска со Богдан Срејовиќ, кој потоа стапи во брак со друга жена.
Сега, во својата емисија „Цеца шоу“ проговори искрено за мажите и за проблемот со додворувањето, односно за недостигот од истото.

Во денешно време, кога машко-женските односи се сосема поинакви од пред неколку децении, Цеца проговори за тоа колку се промениле правилата на додворување, па според неа, мажите повеќе не се какви што биле порано.
Цеца вели:
„Деведесеттите беа време кога не можеше да се одбраниш од додворувачи кога ќе излезеш во град, а денес жените седат сами на маса и гледаат во телефоните, додека мажите седат сами на друга маса и гледаат спорт – никој со никого не комуницира!
Мажите го изгубија чувството за додворување и труд, затоа што ги заменивме улогите.
Жените денес се со машка енергија и затоа мажите се помалку трудат, немаат потреба.

Не мислам дека е лошо девојката прва да покаже чувства, но јас не би можела. Би ми било срам да му пријдам на маж, што да му кажам – „Ми се допаѓаш“?
Немам храброст тоа да го изговорам, ќе умрам од срам.
Кога некој ми се допаѓа, станувам најмутава жена на светот, не знам две просто проширени реченици да составам.

