Северина, Данијела Димитровска: Славните дами од регионот сексапилни на плажа во лето 2025
- Детали
- недела, 13 јули 2025
Некои се навистина фит и природни, други малку (зло)употребуваат Фотошоп, но на фотките на Инстаграм сите блескаат. Од Луна Џогани без грам шминка до Весна Џогани која е една од најзгодните пејачки во регионот и во 5-тата деценија од животот...

Летото започна, а славните дами од регионот веќе се упатија кон дестинации каде што има море и песок.
Црна Гора, Кипар, Грција, Хрватска и Дубаи се дел од дестинациите кои ги избраа.
Северина (53) одмора на Корчула каде повторно ги воодушеви своите следбеници со новите фотографии во црни бикини, но ги загрижи позирајќи на работ од базен од кој се гледа густа шума и море во далечина.

„Кралице“, „Имаш и душа и тело“, ѝ напишаа нејзините фанови.
Во објавата, Северина покажа како прави „ѕвезда“, а друштво ѝ правеше и нејзиниот миленик, кучето Миша.

Гога Секулиќ, позира во минијатурно бикини и самата се пофали дека ослабела.
„Ракета до лето... Минус 15 килограми“, напиша таа.
Весна Џогани и понатаму е во топ форма, иако веќе ја гази петтата деценија од животот. Таа сè уште важи за една од најзгодните пејачки во регионот.
Јелена Карлеуша замина во нејзината омилена Црна Гора, каде имаше мал скандал откако објави фотографија со целулит од плажа, па ја замени потоа со фотошопирана.
На плажа во фит издание блесна и Данијела Димитровска.
Славните дами од регионот на плажа:
Северина
Данијела Димитровска


