Јелена Карлеуша објави фотка со целулит, па ја избриша и замени со нова со мазни нозе
- Детали
- понеделник, 07 јули 2025
„Лето. И одлично време да се чувствувам како супермодел“ - напиша таа на Инстаграм, на фотките со совршено измазнети нозе.

Не е тајна дека Јелена Карлеуша ги разубавува своите фотографии за Инстаграм со филтри, па на социјалните мрежи често коментираат дека во реалноста пејачката изгледа сосема поинаку во живо.

Овој пат, Карлеуша ги изненади фановите кога на Инстаграм Стори сподели фотографија во костим за капење, а на која се гледа целулитот на нејзините нозе - проблем со кој се соочуваат повеќето жени.

Но, фотографијата набрзо беше избришана, а Карлеуша објави уште неколку фотки од истата локација, во истиот костим за капење, но сега со мазни нозе и совршено тело.
„Лето. И одлично време да се чувствувам како супермодел“ - напиша таа на Инстаграм.

Карлеуша доби комплименти дека изгледа одлично, дека е жешка и дека е „најубава во цела Црна Гора“, бидејќи фотките се направени на црногорското приморје.
А. Ј. | Црнобело