Македонецот што победи во „Ѕвездите на Гранд“ со емотивни зборови ѝ се обрати на Марија Шерифовиќ, по нејзиното напуштање на шоуто

На новиот директор, како и на целата екипа која го создава овој шоу, им посакувам многу среќа и уште многу успешни сезони!
Сепак, по сè, срцето ми е полно кога знам дека се разделивме со искрени прегратки, како пријатели и колеги кои им помогнаа на многумина да ги остварат своите соништа.

А вие од жирито што останувате на таа маса ЗНААМ дека ќе ви недостасувам!
Дури и вие мене.

На крај, но не и најмалку важно: Искрено му честитам на победникот Никола Станишиќ, се надевам дека паметно ќе ја искористи оваа голема отскочна штица што ја доби!
Секако и на Цеца, која цела година го водеше по вистинскиот пат!“
По нејзината објава се огласија и одговорните од „Ѕвездите на Гранд“ на Инстаграм:
„По десет незаборавни години поминати како член на жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, дојде време да се простиме од нашата Мара, нашата Марија Шерифовиќ!
Оваа деценија беше исполнета со предизвици, емоции, големи таленти и со гордост можеме да кажеме дека Марија во овој период се вложи искрено, со страст и без задршка – сè со желба заедно со нас да им помогне на младите луѓе да го пронајдат својот глас и своето место на музичката сцена.

Новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ ќе донесе нови предизвици, нови лица и возбудувања, а ние ѝ посакуваме на Марија од срце успех во животот и кариерата.
Гранд продукција ќе ѝ биде и понатаму поддршка во сите нејзини потфати и ќе биде ветер во грб за сите аспекти од нејзиниот живот.

Ти благодариме, Марија, за поддршката и љубовта во текот на сите овие години – сцената на студиото 1 секогаш ќе биде отворена за тебе!“