Македонецот што победи во „Ѕвездите на Гранд“ со емотивни зборови ѝ се обрати на Марија Шерифовиќ, по нејзиното напуштање на шоуто
- Детали
- вторник, 08 јули 2025
„Драга Марија, ти благодарам за секој убав збор. Ќе му недостигаш на Гранд, тоа е сигурно. Мило ми е што те запознав и што те имам во животот“, напиша Никола Станишиќ, Македонецот кој победи во „Ѕвездите на Гранд“, за својата прва менторка. Марија, пак, во објавата за напуштањето на шоуто емотивно го спомена и починатиот Саша Поповиќ.

Ден по финалето на „Ѕвездите на Гранд“, во кое победи Никола Станишиќ, единствениот Македонец кој пееше во финалето на „Ѕвездите на Гранд“, Марија Шерифовиќ откри дека го напушта ова натпреварување.

Во новата сезона ќе настапат нови кандидати, а пред нив ќе седи жири во изменет состав. Меѓу кое, дефинитивно, нема да биде Марија Шерифовиќ.

Инаку, ментор на нашиот победник Никола оваа сезона му беше Цеца, но во една од изминатите сезони кога тој се натпреваруваше ментор му беше токму Марија, од која Никола многу научил и за што е благодарен, според зборовите што ѝ ги упати на Марија на Инстаграм.
На нејзината објава за заминувањето, каде меѓудругото му ја честиташе победата, Никола ѝ напиша во коментар:
„Драга Марија, пред сè сакам да ти се заблагодарам за сè што направи за мене во текот на целото мое натпреварување, додека бев во твојот тим и сега...
Ти благодарам за секој убав збор и за секоја пофалба.
Ќе му недостигаш на Гранд, тоа е сигурно.
Мило ми е што те запознав и што те имам во животот!
Среќно во сè што си замислила понатаму“.

Објавата на Марија гласи:
„Драги мои,
Сигурна сум дека во неколку реченици никако не можам да ги соберам сите емоции што ги чувствувам додека го пишувам ова.
По 10 години поминати во жирито на емисијата „Ѕвездите на Гранд“, чувствувам дека дојде моментот да го затворам ова важно поглавје од мојот живот и кариера.

Сите овие години беа многу повеќе од работа. Тоа беше едно големо, незаборавно искуство – полно со смеа, солзи, расправии, надежи и неверојатни млади луѓе кои ме инспирираа и ме потсетија зошто музиката има моќ да го менува животот.
Преку сите овие сезони, растев и како уметник и како човек. Ја имав таа среќа да го учам овој занает од најдобриот. Од мојот Сале, кој денес сигурно би се скарал со мене.
Ти благодарам за шансата да бидам дел од ова небо. Беше чест, директоре!

Благодарам на сите вас што ми ја подаривте довербата, што ме слушавте и понекогаш трпевте, благодарам што верувавте дека моите зборови имаат смисла.
Благодарам на кандидатите кои во мојот живот донесоа толку убави моменти и ме потсетија што значи да се бориш за својот сон.