Алекса Перовиќ со исповед: „Присуствував на породувањето на мојата сопруга - какво искуство беше ова?“
- Детали
- среда, 09 јули 2025
„Сметам дека секој маж треба барем да има свест за тоа како е на породување. Не мора да присуствува, но барем да има свест за породувањето. Не само поради својата сопруга, туку и поради својата мајка“, порачува Алекса Перовиќ.

Српскиот пејач Алекса Перовиќ, кој се прослави со регионалното музичко шоу „X Фактор“, истата година кога се натпреваруваше и нашиот Даниел Кајмакоски на 9-ти јуни го доби своето трето дете, кое му е всушност прво од вториот брак со саканата Исидора.
Тој ја сподели среќната вест за породувањето на неговата сопруга Исидора на Инстаграм, каде објави и фотографии од болницата.

На една од фотографиите Алекса кратко напиша:
„Ти благодарам животе за животот“.

На синот тие му го дадоа името Мијат.
Алекса присуствуваше на породувањето, а сега за српските медиуми проговори какво искуство било ова:
„Породувањето траеше пет часа, од кои три часа се шегувавме и се смеевме. Докторите ме прашаа: „Перовиќ, дали дојдовте тука да нè забавувате сите во болницата?“
Персоналот беше навистина феноменален. Едно прекрасно и волшебно искуство.

Сопругата Исидора во еден момент ме праша: „Како се чувствуваш, што е со твоите емоции?“...
Ѝ реков дека во тој момент не можам да размислувам за тоа. Воопшто не ми се во фокус, ниту им давам значење.
Тука сум, важно ми е како си ти, за сè друго ќе се снајдеме. Подоцна јас ќе ги изразам моите емоции на начин на кој јас сакам.

Сметам дека секој маж треба барем да има свест за тоа како е да се биде таму. Не мора да присуствува, но барем да има свест за породувањето.
Не само поради својата сопруга, туку и поради својата мајка“.
Инаку, Алекса од првиот брак со Милица Пајчин има две ќерки – Луна и Срна. Парот се разведе по шест години заеднички живот, а тој во март годинава повторно стапи во брак.

С. С. | Црнобело