Најубавиот хрватски пар ужива на јахта: Матео Ковачиќ плива со децата, сопругата и ќеркичката облечени во тон
- Детали
- недела, 03 август 2025
Сопругата на Матео Ковачиќ (31) е совршена убавица без грам шминка. Парот уживаше на одмор на јахта со семејниот пријател и кум Лука Модриќ. Матео и Изабел го носат прекарот „најубавиот хрватски пар“.

Матео Ковачиќ (31) е хрватски репрезентативец, кој игра за Манчестер Сити. Тој е во брак со модната дизајнерка Изабел Ковачиќ (30) од 2017-та година, а во врска се од 2010.
Парот го има синот Иван од 2020 година и ќерката Луна, која ја добија во 2025.

Кум и семеен пријател им е фудбалерот Лука Модриќ.
Сега, парот токму со Лука Модриќ и неговата сопруга уживаше на одмор на јахта, каде Матео имаше водени лудории со своите наследници, а Изабел ја облекуваше со себе во тон ќерката Изабел.

Матео и Изабел важат за еден од најубавите парови во Хрватска.

Повеќе фотографии од нивниот одмор:










