Марија Килибарда искрено за борбата за потомство: „Ме болеа прашањата зошто немам деца, а криев дека пробувам да станам мајка“
- Детали
- недела, 03 август 2025
„Мислам дека најтешкиот момент ми беше по вториот безуспешен обид. Паднав многу, бидејќи едноставно, полетав, си помислив дека тоа е тоа, ќе станам мајка, а потоа се скршив како стаклена играчка кога паднав“ - вели водителката, која на 45 години го роди своето прво дете.

Водителката Марија Килибарда, долго време е меѓу омилените во регионот. Таа ги освои срцата на публиката со својот шарм, со насмевката и непосредноста.
Но, ретко кој знае дека зад нејзината насмевка и успех се крие приказна што воопшто не е лесна, а која водителката ја сподели кога гостуваше во емисијата Balkanskom ulicom на Весна Дедиќ.
Таа зборуваше за нејзината борба за мајчинство и колку пати ѝ било тешко по патот што го одела.

„Знам само дека трепнав, а зад мене веќе беа неколку години поминати во безуспешни обиди да забременам и негативни тестови.
Кога имаш мисија и кога си посветен на неа, кога ќе се случи тој позитивен резултат, некако забораваш, барем јас заборавив на сите тешки работи.
Она што ми остана во сеќавање од тоа патување беа прашањата: „Зошто да имаш две, а не три?“, „Зошто немаш деца?“ и морав да пораснам за да не ме допираат тие прашања.
Никогаш не дадов одговор на никого, бидејќи не сакав никој да ме сожалува.
Тоа е многу важна тема, но не сакав да зборувам за тоа, бидејќи не сакав никој да ме гледа како кутра жена која се бори со тоа.
Сакав да ја работам својата работа достоинствено и да не го окупирам медиумскиот простор на тој начин“, вели таа.

Марија открила и кој ѝ бил најтешкиот момент на патот кон нејзиниот најголем сон.
„Мислам дека најтешкиот момент ми беше по вториот безуспешен обид. Мислам дека хормонската терапија беше исклучително агресивна.
А јас паднав многу, бидејќи едноставно полетав, си помислив дека тоа е тоа, ќе станам мајка, а потоа се скршив како стаклена играчка кога паднав“ - додала Марија.

За потсетување, таа стана мајка на 45 години, откако се породи во октомври 2024-та, а со партнерот Бранислав Бане Вучелиќ доби ќерка на која ѝ го дадоа името Сења.
Таа сдо сега нема објавено фотки од ќерката.

Прочитајте и На 45 години стана мајка, зад себе има 2 неуспешни врски со спортисти - Бурниот љубовен живот на Марија Килибарда
А. Ј. | Црнобело