Невиноста ја загубила на 15 години со свој наставник, имала спонтан абортус среде концерт: Животот на Весна Змијанац

„Иако бев малолетна, изгледав малку постара. Ни разликата во годините не беше пречка, барем не за мене. Ми требаше некој постар, некој во кого, без да знам, всушност барав татко. На почетокот ме мачеше што ми бил учител, човек кој ме познаваше буквално од дете“, вели Весна Змијанац за забранетата врската со нејзиниот наставник по математика.

nevinosta-ja-zagubila-na-15-godini-so-svoj-nastavnik-imala-spontan-abortus-srede-koncert-zhivotot-na-vesna-zmijanac-01.jpg

Една од најголемите ѕвезди на народната музика на овие простори во 1980-тите и 1990-тите, Весна Змијанац, уште на почетокот на кариерата беше далеку пред своето време и постави стандарди во однос на снимањето спотови, гардеробата, сценските настапи.

Зад себе има 14 албуми, неколку компилации и бројни хитови, кои и денес ги пеат новите генерации.

Но жената која е секогаш насмеана на сцената, имала тежок живот за кој не зборува често.

nevinosta-ja-zagubila-na-15-godini-so-svoj-nastavnik-imala-spontan-abortus-srede-koncert-zhivotot-na-vesna-zmijanac-06.jpg

Родена е во Никшиќ, но како дете се преселила во населбата Ковачи, која се наоѓа на неколку километри од Краљево.

Таа била 15 годишна тинејџерка, кога ја изгубила невиноста од професор по математика од нејзиното училиште.

„Кога завршив основно училиште, се преселив да живеам кај мајка ми Ковина во Виена.

Уште пред тоа веќе бев во некаква врска со наставникот по математика.

Меѓутоа, кога дојдов во Краљево за летен распуст, по завршувањето на првата година средно училиште, нашата врска навистина стана она што се нарекува љубовна врска меѓу двајца луѓе.

nevinosta-ja-zagubila-na-15-godini-so-svoj-nastavnik-imala-spontan-abortus-srede-koncert-zhivotot-na-vesna-zmijanac-02.jpg

Сите пречки беа отстранети. Веќе не бев негова ученичка, и иако бев малолетна, изгледав малку постара од моите години.

Разликата во годините исто така не беше пречка. Барем не за мене. Ми требаше некој постар, некој во кого, без да знам, всушност барав татко.

На почетокот ме мачеше тоа што е мој учител, човек кој ме познаваше буквално од дете, ме испрашуваше и ме оценуваше, но блискоста си ја заврши работата.

Неговото прифаќање врската да ни биде јавна (одевме држејќи се за раце) ја отстрани целата непријатност“, открила своевремено пејачката.

nevinosta-ja-zagubila-na-15-godini-so-svoj-nastavnik-imala-spontan-abortus-srede-koncert-zhivotot-na-vesna-zmijanac-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Првиот сопруг бил во затвор во Германија, со вториот - спиеле во одделни соби: Кои се бившите сопруз... „Тој период го паметам како најмачниот. Ми беше многу тешко, па утеха наоѓав во ...
„Никогаш не го запознав татко ми, неговата жена ми рече дека за него не постојам“ - Весна Џогани про... „Го најдов телефонскиот број и свртев, а ми се јави неговата сопруга. Реков...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...

Најчитани неделава