Невиноста ја загубила на 15 години со свој наставник, имала спонтан абортус среде концерт: Животот на Весна Змијанац
Таа беше мажена со Владо Јовановиќ, со кого ја доби ќерката Николија, која денес, исто како нејзината мајка, гради успешна кариера.
Но, малкумина знаат дека Весна Змијанац изгубила две бебиња.
За најтешките моменти од животот пишувала во својата автобиографска книга, која се вика како големиот хит што го испеа со Дино Мерлин, Kad zamirisu jorgovani („Кога ќе замирисаат јоргованите“).

„Со Владо го изгубивме нашето прво дете во 1986 година, кога бев во седмиот месец од бременоста. Носев момче.
Спонтаниот абортус се случи за време на паузата од концертот во Младеновац.
Во првите неколку недели потоа, додека болката од загубата беше сè уште свежа, сакав да исчезнам, да ме нема.
Немав поим дека, за жал, истото тоа, па дури и полошо и потешко, ќе ми се повтори во многу краток временски период - за помалку од една година подоцна.
Тогаш го загубив нашето второ неродено дете, исто така син, и повторно во седмиот месец од бременоста, под приближно исти околности“, пишува во книгата Весна.

Таа ја роди ќерката Николија околу две години подоцна, во 1989-та, која исто така, се бави со музика.
Инаку, во март 2023 година, Весна Змијанац имаше операција на отворено срце.
Интервенцијата била правена Во Клиничкиот центар на Србија, кога на пејачката ѝ бил ставен бајпас.
Во тие моменти, нејзината ќерка Николија, зетот, пејачот Реља Поповиќ и нејзините внуки не се одвојувале од неа.
За среќа, таа успешно се опорави и се врати на музичката сцена.

А. Ј. | Црнобело