Сопственичка на ресторан во Србија: „23 часот е, локалот е затворен веќе еден час, но јас уште сум тука, чистам за утре“
- Детали
- вторник, 05 август 2025
„Денес беше напорен ден, многу работа, малку одмор, но срцето ми е полно. Не беше лесно да се стигне дотука. И не е лесно од ден на ден. Но кога работиш нешто што го сакаш, заморот станува гордост“, вели Лаја од Барселона која се вљубила во Србин и сега живее во Смедеревска Паланка, каде отворила свој ресторан.

Лаја од Барселона, Шпанија е омажена за Србинот Андрија Митровиќ и живее во Смедеревска Паланка.

Во овој град таа одлучи да отвори ресторан, а детали за него, како и за животот во Србија споделува на социјалните мрежи каде е позната како „Lagano kod Španjolke“.

Лаја стана вирален хит поради видеата каде што со нејзиниот партнер подготвуваат храна, пијат кафе, уживаат во животот и често го користат изразот „лагано“ (на македонски полека), што е симбол за безгрижен, спокоен живот.

Сега, таа објави видео во кое доловува колку макотрпна е работата угостителство.
Нејзината објава гласи:
„23 часот е. Ресторанот е затворен веќе еден час.
Светлата се гасат, бучавата стивнува... но јас сè уште сум тука.
Чистам, средувам, подготвувам сè за утре.

Денес беше напорен ден, многу работа, малку одмор...
но срцето ми е полно.
Зашто ова место е исполнување на мојот сон.

Не беше лесно да се стигне дотука.
И не е лесно од ден на ден.
Но кога работиш нешто што го сакаш,
заморот станува гордост.

Ако имаш сон – следи го.
И кога боли, и кога е тешко, и кога се сомневаш.
Зашто кога еднаш ќе го оствариш,
сите напори добиваат смисла.

Не се откажувај. Бори се за она што те прави среќен.
Уморна сум... но среќна.
И ти можеш да го постигнеш тоа.

Погледнете го видеото:
С. С. | Црнобело