Од најдобри другарки до грди јавни навреди - Зошто се во „војна“ пејачките Александра Пријовиќ и Надица Адемов?
- Детали
- четврток, 14 август 2025
„Александра е одвратна! Стана злобна, завидлива и искомплексирана. Се фати со Филип само заради популарност. Со него е само од корист“, вели пејачката Надица Адемов за својата некогашна најдобра другарка.

Пејачките Надица Адемов и Александра Пријовиќ пред многу години беа најдобри пријателки. Секаде одеа заедно, се поддржуваа и воздигаа една со друга.
Но, но нивните патишта се разделија кога Александра започна врска со Филип Живојиновиќ.
И тогаш почна „војната“ помеѓу двете некогашни другарки.

Надица, која во тоа време била во врска со Стефан Живојиновиќ, полубратот на Филип, а син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, ја обвини Александра дека ѝ ја растурила врската.
„Александра е одвратна! Стана злобна, завидлива и искомплексирана. Се фати со Филип само заради популарност.
Свесно го направи тоа. Со него е само од корист“, рекла Надица за српските медиуми во тоа време.

Таа додала и дека Александра ѝ ја уништила врската со Стефан и дека никогаш нема да ѝ го прости тоа.
„Кога почнав да се гледам со Стефан, таа на сите по ред им кажувала дека е изненадена што тој може да биде со врска Циганка. Мислеше дека ќе ѝ ја украдам славата.
Со Стефан се гледав месец и пол, се наоѓавме кај него дома, но не ја сретнав никогаш Брена. Еднаш го сретнав Боба и ми беше многу непријатно, бидејќи тој знаеше зошто сум кај нив дома“.

Во друга прилика, Надица ја обвинила Александра дека е љубоморна на нејзиниот изглед.
„Таа ми е љубоморна бидејќи, за разлика од неа, моите гради, уста и задник се природни. Обожавав да работам со неа сè додека славата не ѝ удри во глава.
Многу ја сакав, но таа се промени. Подобро да не кажувам што сè знам за неа. Ако е паметна, ќе молчи, тоа е за нејзино добро“, изјавила Адемов.

По бројните навреди и обвинувања од страна на Адемов, Пријовиќ долго време не зборувала ништо за поранешната најдобра другарка, но во една пригода, на новинарско прашање рекла:
„Не сакам да ја коментирам дотичната личност и ѝ посакувам сè најдобро“.

Во меѓувреме, Александра се омажи за Филип, со кого во моментов го чека второто дете и треба да се породи за неколку недели.
Нејзината кариера тргна по нагорна линија, и во изминатиот период стана една од најпопуларните регионални ѕвезди, со концерти „од Вардар до Триглав“.
За разлика од неа, Надица и понатаму пее, но не успеа да стекне голема слава или статус на ѕвезда.

Прочитајте и Александра Пријовиќ нуди 5.000€ за дадилка на децата - Што треба да прави таа за астрономската плата?
А. Ј. | Црнобело